Скопјани не Користат Јавни Телефони
Мобилните телефони последниве години речиси комплетно ги истиснаа од употреба јавните телефонски говорници во главниот град. Ако некогаш се чекаше ред за да се телефонира од говорниците, сега тие се празни и вистинска реткост е да се види како некој ги користи. Повеќето од јавните телефонски говорници се уништени, со искинати кабли, искршени слушалки и без сигнал. И оние малку што се во употреба ги одвраќаат граѓаните бидејќи се нечисти, исчкртани со графити, а на некои места, пак, говорниците с [...]