PressClipping

/PressClipping

About PressClipping

This author has not yet filled in any details.
So far PressClipping has created 756 blog entries.
12 06, 2012

Месечно се Бараат по 100 Станбени Кредити

By | 2012-06-12T03:54:38+00:00 12/06/2012|Банки|

Стопанска банка излезе со нов станбен кредит со доста пониска камата за првите три години од 5,85 отсто. На што се должи намалувањето на каматите, дали поради тоа што граѓаните се потешко се решаваат да земат станбен кредит или е резултат на мерките што ги презеде НБМ? Стопанска банка ги следи насоките на монетарната политика, но воедно настојува да ги намали и трошоците на работењето. Сето ова овозможи да подготвиме за граѓаните исклучително поволна понуда на станбен кредит. Континуираното подо [...]

12 06, 2012

Брендирањето Може да ве Направи Бесмртни

By | 2012-06-12T03:43:38+00:00 12/06/2012|Економија|

Колку побрзо компаниите и менаџерите во Македонија ќе сфатат дека без брендирање и инвестирање во имиџот на компанијата, производите и во услугите нема напредок, толку побрзо ќе напредува нашата економија. Брендирањето значи да се има долгорочна визија, стратегија и да се прави додадена вредност Можат ли македонските компании да бидат успешни на глобалниот и на регионалниот пазар? Дефинитивно. Формулата веќе е измислена. Треба да се биде храбар, да се сака да се ризикува, да се има долгорочна ви [...]

12 06, 2012

Можно Поскапување на Струјата Летово

By | 2012-06-12T03:27:29+00:00 12/06/2012|Економија|

Вонредниот увоз на струја што го направи ЕЛЕМ зимоска вонредно може да ја поскапи струјата. Одлуката ќе се знае на крајот на овој месец. Можно е вонредно поскапување на струјата летово. Интервентниот увоз во Февруари за покривање на енергетската криза најверојатно ќе ги зголеми сметките. Енергетските компании ЕЛЕМ и ЕВН велат дека имале зголемени трошоци од работењето изминатата зима. Регулаторната комисија за енергетика потврди дека компаниите имаат нови барања што ќе ги разгледува до крајот на [...]

11 06, 2012

Граѓаните Заинтересирани за Вградување на Сончеви Колектори

By | 2012-06-11T07:40:59+00:00 11/06/2012|Македонија|

За разлика од инвеститорите, граѓаните во земјава голем интерес пројавуваат за вградување на сончеви колектори во своите домови. Токму од овие причини Министерството за економија и годинава продолжува со субвенционирање на домаќинствата, бидејќи со овие колектори користејќи ја сончевата енергија ќе овозможат затоплување на санитарната вода. За таа цел од државната каса за годинава се одвоени 6 милиони денари, при што од овие пари ќе се надоместат 30% од трошоците за купени и вградени сончеви тер [...]

11 06, 2012

Странското ,,АЛО’’ Гори Посилно од Сонцето

By | 2012-06-11T07:30:31+00:00 11/06/2012|Телекомуникации|

Дека користењето мобилен телефон во странство е прескапо веќе им е познато на сите што патувале преку границата и морале да се јават дома или да користат интернет. А колку ќе платите ова лето за задоволството да разговарате на мобилен од некоја морска плажа во голема мера зависи од тоа на кој оператор сте приклучени во земјата во која престојувате. Затоа, за да не се изгорите со сметката откако ќе се вратите од летниот одмор, добро внимавајте секогаш да сте приклучени на странскиот оператор кој [...]

11 06, 2012

Преку Дубаи до Австралија и Побрзо и Поевтино

By | 2012-06-11T07:18:12+00:00 11/06/2012|Авиосообраќај|

Поевтино и побрзо до Австралија. Конечно, се отвора можност многу повеќе Македонци да патуваат кон Азија, Блискиот Исток, Австралија и Русија за попристојни цени и без многу малтретирање. Директната авиолинија од Скопје до Дубаи ќе го скрати времето патувањето и ќе ги намали цените за билет до Австралија. Од октомври нашите иселеници од најмалиот континент, но и од Нов Зеланд и Канада со авиокомпанијата „Флај Дубаи" добиваат можност да патуваат до Македонија многу побрзо и за помалку пари. Дотам [...]

11 06, 2012

Samsung GALAXY S III во Македонија

By | 2012-06-11T06:42:18+00:00 11/06/2012|Телекомуникации|

Само десетина дена по светската премиера, корисниците на ОНЕ имаат можност да поседуваат еден од најиновативните паметни телефони на денешницата Samsung GALAXY S III. Станува збор за интуитивен паметен телефон кој ги препознава и разбира своите корисници и им овозможува да споделуваат фотографии, музички содржини и видеа со група корисници истовремено преку директен Вај-Фај и со далеку поголема ТВ компатибилност од било кој негов претходник. Неговиот 4.8 инчен ХД Супер АМОЛЕД дисплеј на допир е [...]

11 06, 2012

За ОКТА Нема Криза, со Гориво го Снабдува и Косово и Србија

By | 2012-06-11T06:27:36+00:00 11/06/2012|Нафтени деривати|

И покрај кризата во Грција, скопската рафинерија ОКТА нема проблем со добавувачи на нафта и снабдувањето со нафта. Ова го потенцираше Ристо Јаневски, претседател на Здружението на енергетичари на Македонија – ЗЕМАК на вчерашното одбележување на 20-годишниот јубилеј. Според него, снабденоста на пазарот на нафтени деривати во земјава е на сосема солидно ниво. -ОКТА располага со доволни количини да го снабди пазарот во земјава како и сите оние купувачи што ги има на косовскиот и на српскиот пазар. [...]

8 06, 2012

Есенва „Суташ“ Почнува со Производство

By | 2012-06-08T15:30:32+00:00 08/06/2012|Економија, Македонија, Млеко|

Есенва турската компанија „Суташ“ ќе почне производство на млеко и млечни производи во од неодамна преземените капацитети на „Сведмилк“. Се очекува првата година да се вработат повеќе од 100 лица во „Суташ“, а кога инвестициите ќе завршат, бројката ќе достигне 250. Мухарем Јилмаз: „Целта ни е да ги зголемиме пазарите во Македонија и во околните земји и да ја покачиме потрошувачката на млеко и млечни производи во регионот со иновациите, кои ние ќе ги претставиме за индустријата“, најави Мухарем Ј [...]

8 06, 2012

Групацијата Телеком Словеније во Првиот Квартал со Добивка од 15.4 мил. Евра

By | 2012-06-08T03:10:14+00:00 08/06/2012|Телекомуникации|

Групацијата Телеком Словеније во првите три месеци од годината оствари нето добивка во износ од 15.4 милиони евра, зголемување од 6% за истиот период лани. Приходот од работењето изнесува 193.8 мил. Евра, помалку за 1% од истиот период минатата година. Трошоците од работењето исто така се помалку за 1% во контекст на интензивните напори во продолжувањето на проектот за реконструирање на бизнис процесот. EBITDA достигна 68.7 милиони евра или 35.4% од оперативните приходи, додека EBIT се намали за [...]