Тутунарите бараат повисоки цени за следната реколта
До вчера кога и официјално заврши откупот на тутунот, преземена е целата реколта тешка вкупно 21.000 тони. Производителите се задоволни од проценката и од просечната цена која достигна 164 денари за килограм, но не и од исплатата. Со префрлање на средствата доцнат Центро табак и во Струмица табак. Родот беше квалитетен, иако не во количина до 24.000 тони колку што бараа откупувачите. -Тутунот е откупен до последен лист. Не сме задоволни од цените за втората и третата класа, но клучната забелешка [...]