„Cineplexx“ започнува со работа на 22-ри ноември
Новите киносали во „Скопје сити мол“ во Скопје официјално ќе бидат отворени на 22-ри ноември со свечена премиера на филмот: "Животот на Пи 3D". Светската премиера на филмот за авантурите на момчето од Индија, Пи, е закажана токму за истиот ден кога премиерно ќе се прикаже и кај нас. Филмот е заснован на истоимениот роман на познатиот канадски писател Јан Мартел, и ги следи авантурите на момчето од Индија, Пи. За време на бурата на бродот кој, меѓу другото, превезува и диви животни, Пи успева да [...]