Шокантни Правила за Парното Греење
Сите што се откажале од користењето парно ќе треба повторно да се приклучат на системот од „Топлификација" до 1 октомври годинава. Ова го предвидува новиот Правилник за снабдување со топлинска енергија што го изработи Регулаторната комисија за енергетика. Исклучени и понатаму ќе можат да останат само сопствениците на станови што ќе обезбедат писмена согласност за тоа од сите други станари во зградата. Доколку некој успее, ќе плаќа фиксен трошок во висина од 10 денари за квадратен метар станбена [...]