Македонија

/Македонија
20 06, 2012

“Виз Ер“ ќе отвори 300 нови работни места и ќе инвестира 80 милиони евра

By | 2012-06-20T14:12:24+00:00 20/06/2012|Авиосообраќај, Економија, Македонија|

Унгарската авиокомпанија “Виз Ер“ со субвенции од Владата денеска најави оперирање на шест нови дестинации од Македонија по цени кои во еден правец со вклучени аеродромски такси ќе се движат од 8,99 евра до 17,99 евра. По потпишувањето на Договорот за субвенционирање со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, извршниот потпретседател на “Виз Ер“ Џон Стивенсон информира дека инвестицијата за старт со оперирање на новите дестинации ќе ги чини 80 милиони долари што ќе биде проследено со от [...]

19 06, 2012

Жито Лукс Со Нов Изглед На Лебовите

By | 2012-06-19T13:26:51+00:00 19/06/2012|Економија, Македонија, Маркети|

Најголемиот производител на леб во земјава, Жито Лукс го подобрува и унапредува изгледот на своите дневни лебови. Веќе од оваа недела дел од лебовите се достапни во новите редизајнирани пакувања. Редизајнот на традиционалните и специјалните лебови, беше потребен со цел уште подобра видливост на полица и со тоа лесна достапност на информаците до потрошувачите како типот на лебот, карактеристиките на секој леб и слично. „Како водечки производител на леб во земјата, Жито Лукс секогаш се труди своит [...]

19 06, 2012

Потпишана Спогодба за Меѓусебно Признавање на Дипломите

By | 2012-06-19T13:13:30+00:00 19/06/2012|Економија, Македонија|

Скопје, 19 јуни 2012 (МИА) - Спогодба за  признавање документи за образование и научни звања меѓу Македонија и Руската Федерација потпишаа денеска македонскиот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески и руската заменик-министер за образование и наука Ина Биленкина. Со Спогодбата, меѓу другото, се усогласуваат нормите за признавање на образовните дипломи стекнати во училиштата и на универзитетите во двете земји и се воспоставува основа за продлабочување на меѓусебната соработка. Потпишу [...]

18 06, 2012

„Витаминка” се Ориентира кон Здрава Храна

By | 2012-06-18T06:40:07+00:00 18/06/2012|Македонија|

Една од концепсиските развојни ориентации на прилепската прехранбена индустрија „Витаминка" е таканаречената здрава храна. Стручњаците и испитувањата на пазарите, особено на странските, покажуваат дека тоа е перспектива. На постојната технологија веќе се произведуваат неколку видови кекси со амблемот „здрава храна". Замесени се од суровини без штетни адитиви од генетски немодифицирани култури, со специјални декларации. Тие се со овесни снегулки, диетални влакна и со интегрално пченично брашно. П [...]

11 06, 2012

Граѓаните Заинтересирани за Вградување на Сончеви Колектори

By | 2012-06-11T07:40:59+00:00 11/06/2012|Македонија|

За разлика од инвеститорите, граѓаните во земјава голем интерес пројавуваат за вградување на сончеви колектори во своите домови. Токму од овие причини Министерството за економија и годинава продолжува со субвенционирање на домаќинствата, бидејќи со овие колектори користејќи ја сончевата енергија ќе овозможат затоплување на санитарната вода. За таа цел од државната каса за годинава се одвоени 6 милиони денари, при што од овие пари ќе се надоместат 30% од трошоците за купени и вградени сончеви тер [...]

8 06, 2012

Есенва „Суташ“ Почнува со Производство

By | 2012-06-08T15:30:32+00:00 08/06/2012|Економија, Македонија, Млеко|

Есенва турската компанија „Суташ“ ќе почне производство на млеко и млечни производи во од неодамна преземените капацитети на „Сведмилк“. Се очекува првата година да се вработат повеќе од 100 лица во „Суташ“, а кога инвестициите ќе завршат, бројката ќе достигне 250. Мухарем Јилмаз: „Целта ни е да ги зголемиме пазарите во Македонија и во околните земји и да ја покачиме потрошувачката на млеко и млечни производи во регионот со иновациите, кои ние ќе ги претставиме за индустријата“, најави Мухарем Ј [...]

7 06, 2012

Администрацијата се Обучува за Поголемо Искористување на ИПА Фондовите

By | 2012-06-07T12:56:35+00:00 07/06/2012|Економија, Македонија|

Преку обука и семинари, јавната администрација се подготвува за поголема искористеност на европските ИПА фондови. Во периодот од февруари до јуни годинава административците работеа со француски експерти од оваа област на зголемување на видливоста на ИПА фондовите и на зголемување на капацитетите на македонските институции за поголемо искористување на фондовите, која според експертите не е доволна. Проектот од кој е завршена првата фаза е во вредност од 50.000 евра, а епилог од оваа фаза е израбо [...]

6 06, 2012

Flydubai го Вклучи Скопје во Широката Мрежа на Летови

By | 2012-06-06T11:51:03+00:00 06/06/2012|Авиосообраќај, Македонија|

Авиокомпанијата од Обединетите Арапски Емирати ќе лета двапати неделно директно до Дубаи [custom_frame_left][/custom_frame_left] Скопје, Македонија, 6 јуни 2012 - Скопје е избрано да биде најновата дестинација на flydubai ("Флајдубаи"), само неколку дена по прославата на тригодишнината од основањето. Со ова, мрежата на иновативната авиокомпанија во централна и во источна Европа се прошири на 15 дестинации во 10 земји, што е најопсежно меѓу превозниците на Блискиот Исток. Услугата од Скопје ќе би [...]

6 06, 2012

Смртоносната Дрога Канибал Чука и на Вратата на Македонија

By | 2012-06-06T04:07:08+00:00 06/06/2012|Македонија|

Внимавајте смртоносната дрога канибал чука и на вратата на Македонија. Дрогата се подготвува од легални производи, а алармот е вклучен во Европа и во соседството. Напад на параноја, нагон за самоубиство и убиство, халуцинации, супер сила и желба за канибализам, моќта на новата миризлива сол е неверојатна. Произведена во Европа, дрогата веќе две години им нанесува главоболки на борците против нејзината сепак легална трговија. Може да ја нарачате на интернет, зошто се продава како сол за капење, н [...]

6 06, 2012

Зеленчукот Поевтини, Прашокот за Перење Поскап

By | 2012-06-06T02:14:19+00:00 06/06/2012|Економија, Македонија|

Изобилството од зеленчук во маркетите и пазарите ги намали цените на свежите производи. Додека сезонските производи поевтинуваат веќе два месеци едно по друго, со повисоки цени се продаваат средствата за хигиена. Краставиците од 69, колку што чинеа во мај, сега се продаваат за 39 денари, а килограм домати од 115 денари се симна на 66. За разлика од нив, за речиси 60 денари поскапо се продава прашокот за перење „Ариел", кој од 344 се качи на 399 денари. За 5 денари поскапе и килограм брашно, а ко [...]