Бесплатни Разговори, СМС и Интернет без Ограничувања
Вип оператор лансира нов промотивен тарифен модел наменет за деловните корисници. Станува збор за тарифа со вклучени неограничени бесплатни минути за разговор и неограничен број на бесплатни СМС-пораки кон сите мрежи во земјава. Покрај ова, во рамки на новиот тарифен модел наречен Vip Free NoLimit biznis корисниците добиваат и неограничен интернет, од кој првите 10 гигабајти со 3Г брзини, како и дополнителни 200 бесплатни минути за меѓународни разговори со деловни партнери во странство. Сите ови [...]