АДСДП инвестира во нова катна гаража спроти Стариот театар
Локацијата на која ќе се гради новата катна гаражаИталијанската компанија „Lamone Moreda“ ќе ја гради новата катна гаража на локацијата спроти зградата на Стариот театар во строгиот центар на Скопје [»мапа]. Во согласност со ДУП „Мал Ринг“, гаражата ќе има максимална висина од 21 метар и ќе биде подигната на градежна парцела со големина од 1.343 метри квадратни, на местото на некогашната меѓуградска автобуска станица. Предвидено е објектот да биде во модерен архитектонски стил со стаклена фасада [...]