PressClipping

/PressClipping

About PressClipping

This author has not yet filled in any details.
So far PressClipping has created 756 blog entries.
21 08, 2012

За Лет до Лондон со „Виз ер” се Плаќа и Над 400 Евра

By | 2012-08-21T02:43:55+00:00 21/08/2012|Авиосообраќај|

Билет во еден правец од Скопје до Лондон со нискобуџетната „Виз ер" следната сабота, на 25 август, чини неверојатни 407 евра. Цената на билетот од лоукост - компанијата речиси се изедначува со трошокот за патување со комерцијален лет со другите авиокомпании кои работат на скопскиот аеродром „Александар Велики". Цените на билети за комерцијалните летови во економската класа се движат од 180 до 280 евра, додека, пак, патување во бизнис - класата може да достигне цена и над 700 евра. Високите цени [...]

21 08, 2012

Едни Училишта Преполни, Други Едвај Составуваат Паралелки

By | 2012-08-21T02:35:11+00:00 21/08/2012|Образование|

Некои училишта во земјава мака мачат да формираат паралелки во основно или средно образование, а други бараат дозвола за формирање нови. Во одделни градови, особено во западниот дел од земјава, има недостиг од паралелки, а во еден клас има и по 40 ученици, додека во други градови едвај се формира и еден клас. Овој дисбаланс им создава проблеми не само на учениците, туку и на локалните власти и на Министерството за образование и наука. Иљаз Халими од секторот за образование во општина Тетово вели [...]

21 08, 2012

400 Милиони Денари за Обнова на Универзална Сала

By | 2012-08-21T02:27:08+00:00 21/08/2012|Култура|

Владата ќе почне со комплетна реконструкција и доградба на Универзалната сала во Скопје. За реализиација на проектот Владата обезбеди 400 милиони денари од буџетски извори. Универзална сала ќе биде со капацитет од 1500 места со помошна помала сала со капацитет од 100 места. Универзална сала конечно ќе заличи на модерна установа. Лошата вентилација, слабото греење, дотраената опрема ќе станат минато. Освен што објектот генерално ќе го задржи надворешниот изглед, се останато ќе биде променето. Нов [...]

16 08, 2012

“Близу” Воведува Специјални Пакети за Студенти

By | 2012-08-16T13:49:12+00:00 16/08/2012|Телекомуникации|

Пред почетокот на студентската година, телекомуникацискиот оператор „Близу„ воведе нови пакети, наменети исклучиво за студентската популација во Македонија. Сите студенти, кои уредно имаат заверено семестар на својот универзитет, ќе можат да станат корисници на супер брзиот интернет со брзина до 10 мегабити во секунда и 200 гигабајти трансфер за само 599 денари месечно. Оние студенти, пак, коишто сакаат да ја додадат услугата аналогна телевизија на овој пакет, дополнително треба да доплатат само [...]

16 08, 2012

Ќе Сонуваме Евтини Домати и Пиперки

By | 2012-08-16T13:43:15+00:00 16/08/2012|Македонија, Маркети|

Цените на основните земјоделски производи, од групата што ја анализираме, од минатото лето досега се зголемени во просек за 30 проценти. Зелениот пазар е се поскап, а нашиот најомилен и досега најзастапен зеленчук, доматот, годинава воопшто не можеше да се најде на пазарите за помалку од 40 денари за еден килограм. Толку фалените субвенции во земјоделството  на пазарот не излегуваат. Напротив, работата оди обратнопропорционално. Не мораме да бидеме експерти по економија или да ја следиме трагата [...]

16 08, 2012

Дојран има Лековита Кал, ама Нема Плажи!

By | 2012-08-16T13:34:40+00:00 16/08/2012|Туризам|

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Концесионерите и граѓаните да бидат совесни и да преземат мерки Дојран да не го загуби сјајот, кој со многу труд на општината последните три години успеавме да го вратиме и со помош на европски и владини инвестиции, а кој пред тоа десет години беше замрен токму поради еколошката катастрофа. Поволната клима и ниските температури се причина што веќе неколку години по ред Дојран е полн со туристи. Тоа го покажуваат и бројките според кои ова лето до сега Дојра [...]

16 08, 2012

Лисичани од Утре ќе се Релаксираат во Нов Модерен Парк

By | 2012-08-16T13:26:05+00:00 16/08/2012|Македонија|

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Новиот голем и модерен парк во населба Лисиче, покрај булеварот „Србија“, утре официјално ќе биде пуштен во употреба. Од општината очекуваат, паркот лоциран пред бензинската пумпа Макпетрол да стане „магнет“ за масовна посета на граѓаните. Новиот парк е комбинација на уредени зелени и водени површини со спортско-рекреативни терени и детски игралишта. Се простира на површина од околу 5 илјади квадратни метри, а содржи и песочник со трибини, детско игралиште [...]

15 08, 2012

Бонитас – нови производи од Витаминка

By | 2012-08-15T13:59:21+00:00 15/08/2012|Економија|

Витаминка го збогати пазарот со нова линија солени производи - Бонитас пелети. Тоа се сосема нови и различни од останатите снек-ужинки со својот вкус. „Следејќи ги најспецифичните барања на потрошувачите и обидувајќи се да ги задоволи нивните вкусови, кои постојано бараат нешто ново, енергично, несекојдневно и интересно, Витаминка ја лансираше новата линија на солени производи, Бонитас пелети. Бонитас се направени според светските трендови, невообичаени по својот изглед и несекојдневни по својот [...]

14 08, 2012

Голф 7 ќе Дебатира на 4 Септември

By | 2012-08-14T12:49:08+00:00 14/08/2012|Автомобили|

Следната генерација на „фолксваген голф", популарно наречена „голф 7", официјално ќе биде претставена на 4 септември, во Националната галерија за модерна уметност во Берлин. Првично идејата 6еше на Саемот за автомобили во Париз, но Германците ја променија одлуката. Како што во моментот стојат работите, изгледот на новиот голф нема да биде познат се до премиерата. Од „фолксваген" се цврсто решени ниту една фотографија да не се појави во јавноста се до 4 септември. Сепак, на интернет веќе се појав [...]

14 08, 2012

Земјоделците не го Осигуруваат Родот, Пари Чекаат Само од Државата

By | 2012-08-14T12:34:51+00:00 14/08/2012|Земјоделство|

Македонските земјоделци не си го осигуруваат родот од природни катастрофи. Минатата година во една од четирите осигурителни компании кои нудат осигурување на посеви и плодови имало само 2.300 апликации. Земјоделците го обезбедиле родот од град, пожар и од гром. За осигурување од поплава, мраз и луња се доплатува посебна премија. Бројот на осигурани земјоделци е занемарлив во однос на бројот на регистрирани фармери, и упгге помал ако на нив им се додадат и оние нерегистрираните. Се жалат дека оси [...]