PressClipping

/PressClipping

About PressClipping

This author has not yet filled in any details.
So far PressClipping has created 756 blog entries.
3 07, 2012

„Еуроимпекс” Отвори Нов Салон во Скопје

By | 2012-07-03T04:01:58+00:00 03/07/2012|Автомобили|

Генералниот увозник на возилата „пежо" за Македонија, „Еуроимпекс", отвори нов продажно - сервисен објект лоциран на улицата Скупи бб, позната како автомобилската улица во Скопје. По тој повод изминатава сабота импортерот организираше тест - возење, при што потенцијалните клиенти и заинтересираните лица можеа да ја осетат удобноста и да уживаат во перформансите на шест возила од овој бренд. На тествозењето на располагање беа моделите „пежо"  208, 207, 308, 3008 и 508, а импресивниот модел „пежо [...]

3 07, 2012

„Стројтранс гас” ќе го Гради Гасоводот до Неготино

By | 2012-07-03T03:55:06+00:00 03/07/2012|Нафтени деривати|

Руската компанија „Стројтранс гас" и Македонски енергетски ресурси (МЕР) вчера во рамките на Меѓувладината македонско руска комисија потпишаа меморандум за соработка, кој е првиот сериозен чекор кон изградба на националната гасоводна мрежа во земјава. Договорот треба да се потпише најдоцна за неколку месеци, по што ќе почнат и работите на терен. Ова претставува круна на напорите што досега ги вложивме во фамките на Меѓувладината комисија и Спогодбата за регулирање на клириншкиот долг на Русија к [...]

3 07, 2012

Вип со Нова Понуда до Корисниците

By | 2012-07-03T03:33:39+00:00 03/07/2012|Телекомуникации|

Сите бизнис корисници кои ќе активираат нова линија или ќе го обноват договорот на 24 месеци на еден од тарифните модели Vip Free L, Vip Free XL или Vip Super Free, освен стандардните бесплатни минути во мрежата на Вип, добиваат и дополнителни 500 бесплатни минути кон сите национални мрежи. Дополнително, сите бизнис корисници кои ќе го пренесат својот број од друг оператор во мрежата на Вип добиваат 20% попуст на месечната претплата, а за секој нов број со префикс на Вип попустот на месечната пр [...]

2 07, 2012

„Фиќото” се Врати на Плоштадот „Македонија”

By | 2012-07-02T04:25:08+00:00 02/07/2012|Автомобили|

Пининфарина", „буби", „тополина", „фиќовци", „мерцедеси", „дијани", „минимориси", „фордови", џипови и уште многу други модели на олдтајмери, освен на филм, можеа да се видат и во живо на изложбата на историски возила што се одржа во саботата на градскиот плоштад. Со наполнети седумдесетина години, возилата изгледаа како да се штотуку излезени од салон. Со тазе боја, нови делови, светат како во најдобрите години. Подготвени за фотосесии, на посетителите им приредија невообичаен ден полн со восхит [...]

2 07, 2012

Полисата за Автомобилот има Предност, за Живот и Имотот – ако Остане

By | 2012-07-02T04:02:11+00:00 02/07/2012|Осигурување|

Кога влегуваат во осигурителна компанија, македонските граѓани предност им даваат на своите автомобили, пред сопствениот живот и домот. Според Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за состојбата и движењето на осигурувањето во државата во 2011 година, во вкупната бруто-полисирана премија, најзначајно учество има осигурувањето од автомобилска одговорност (со 47,96%), заедно со доброволното, каско осигурување на моторни возила на кое отпаѓаат 11,49%. Потоа, следува осигу [...]

2 07, 2012

Охрид: Конечно Отворен Центарот за Безбедност на Вода

By | 2012-07-02T03:53:55+00:00 02/07/2012|Македонија|

Во Охрид конечно се отвори центарот за безбедност на вода. 70% од плажите ќе бидат покриени со спасувачи и медицински екипи. Проблем остануваат плажите кои не ангажирале спасувачи како и немањето на брод за гаснење на пожари. По 8 годишна битка со институциите охридскиот црвен крст во функција го стави центарот за безбедност на вода кој е лоциран на плажата на Горица на приватен имот вратен со денационализација. Од тука ќе бидат координирани спаувачките и лекарските тимови кои летово ќе патролир [...]

30 06, 2012

Светските Универзитети со 12 Студенти од Македонија

By | 2012-06-30T12:53:15+00:00 30/06/2012|Образование|

12 студенти од земјава меѓу кои и тројца Албанци своето образование ќе го продолжат на дел од 100-те најклвалитетни универзитети во светот. Сите трошоци ќе им ги плати владата. Стипедниите денеска им ги подели премиерот Груевски. На 100-те најдобри светски универзитети рангирани според Шангајскаат листа ќе можат да студираат и 12 студенти од Македонија. Меѓу нив се и тројца Албанци кои добиле стипдендија од Министерството за образование на претходно објавениот конкурс. Стипендијата ги покрива тр [...]

30 06, 2012

Како до Убава и Здрава Кожа на Лицето

By | 2012-06-30T12:22:06+00:00 30/06/2012|Козметика|

Оној момент кога ќе почнете правилно да ја негувате вашата кожа, таа ќе ви врати со своето здравје и убавина. Научете како да и овозможите да изгледа убаво, здраво и негувано. Основната дневна рутина на нега на кожата се состои од четири чекори: за да ја пронајдете вистинската формула, важно е да го знаете типот на вашата кожа, односно дали таа е мрсна, комбинирана, чувствителна и сува. Чекор 1: Чистење Следете ги советите од вашиот дерматолог, кој ќе ви ги препорача соодветните препарати за чис [...]

30 06, 2012

Џабест се Приклучи во Одбележувањето на Светскиот Ден на Социјалните Медиуми

By | 2012-06-30T11:58:39+00:00 30/06/2012|Телекомуникации|

Компанијата ОНЕ, преку својот модел Џабест, објави дека се приклучува на иницијатива на интернет заедницата предводена од авторите на блогот komunikacii.net и караванот за одбележување на светскиот ден на социјалните медиуми. Оваа иницијатива трета година по ред ја организира и промовира глобално најпознатиот блог за социјални медиуми и интернет култура Mashable. Според најавата, на 30 јуни, во сабота, Прилеп, Куманово, Тетово и Скопје ќе бидат дел од мрежата на повеќе од 460 градови од целиот с [...]

28 06, 2012

Скопје Сити Мол го Добива Финалниот Лик

By | 2012-06-28T13:46:29+00:00 28/06/2012|Маркети|

Во тек се завршните работи на Скопје сити мол, кој според најавите, треба да биде максимално енергетски ефикасен објект со вкупна површина од 90.000 метри квадратни. Изградбата на објектот чини 70 милиони евра, а за посетители ќе се отвори наесен Финишира изградбата на најголемиот трговски центар во земјава, Скопје сити мол. Во внатрешниот дел веќе се гледаат имињата на голем број брендови кои закупиле простор, а трговскиот доби и извршен директор. Ивајло Иванов од Бугарија, кој претходно работе [...]