PressClipping

/PressClipping

About PressClipping

This author has not yet filled in any details.
So far PressClipping has created 756 blog entries.
22 03, 2012

ОКТА ќе Добие Нов Сопственик

By | 2012-03-22T08:30:33+00:00 22/03/2012|Нафтени деривати|

Нов сопственик ќе добие рафинеријата Окта откако грчката држава објави дека го продава својот мнозински удел во Хеленик петролерум. Предност за купување на акциите ќе добие најголемиот поединечен акционер, групацијата Лацис која во случај да се нафати на зделката ќе биде и новиот газда на рафинеријата. Грчката држава до мај ќе го продаде уделот акции во Хеленик петролеум која е газда на рафинеријата ОКТА. Извршниот директор на агенцијата за приватизација на Грција, Костас Митопулус денеска во ин [...]

21 03, 2012

Странци ќе не Возат со Наши Пари

By | 2012-03-21T06:07:44+00:00 21/03/2012|Авиосообраќај|

Премиерот Никола Груевски бара авиокомпании што ќе понудат авиолинии, а кои земјава ќе ги субвенционира. Добро упатените во оваа проблематика велат дека ова е моментално решение, кое нема да ја подобри катастрофалната состојба во авиосообраќајот. Каде да се лоцира проблемот? Проблемот е во Министерството за транспорт и врски. Може да се реши релативно лесно, но никој не го сака тоа. Владата треба само да праша за второ мислење, а потоа да се направи план. Тие што го советуваат премиерот за авиос [...]

21 03, 2012

Познати Светски Марки во Скопје Сити Мол

By | 2012-03-21T05:40:18+00:00 21/03/2012|Маркети|

Модната марка „Зара" доаѓа во Македонија. Во трговскиот центар „Скопје сити мол" ќе се отвори најголемото претставништво на „Зара" на Балканот. Продавницата ќе биде на два ката, на површина од 2.190 квадратни метри, најавија од „Балфин МК", инвеститорот на трговскиот центар. „Зара" ќе биде само една од реномираните модни марки што ги носи „Индитекс", која е интернационална фирма и е меѓу трите најголеми закупци на новиот трговски центар. Оваа фирма со себе ги носи и „Бершка", „Масимо Дути", „Пул [...]

21 03, 2012

Сава Осигурување Донира Спортска Опрема во Демир Капија

By | 2012-03-21T05:26:08+00:00 21/03/2012|Осигурување|

По повод одбележување на корпоративниот ден на Групацијата Сава Ре, чии членки вршат дејности од областите на реосигурување, животно и неживотно осигурување, македонската членка Сава осигурување а.д. Скопје ќе донира спортска опрема за кошарка, одбојка, ракомет, фудбал и пинг-понг во основното училиште „Димче Ангелов-Габерот" во Демир Капија. Под мотото „Вистинскиот спортист е совесен екологист", ќе се одиграат пријателски натпревари во фудбал и пинг-понг меѓу екипи на училиштето, амбасадата на [...]

21 03, 2012

Регенератори за Коса(1дел)

By | 2012-03-21T05:14:06+00:00 21/03/2012|Козметика|

Употребата на регенератори за коса е вториот, но не помалку битен чекор кон здрава и сјајна коса. Регенераторот ја храни и ја негува косата и ѝ ја дава потребната хидратација, притоа правејќи ја да изгледа сјајна и здрава. Без разлика на типот на косата и без разлика дали таа е здрава или оштетена, дали ја има природната боја или, пак, е бојадисана, сепак, пожелно е да се користи регенератор. Потенцијал на пазарот Побарувачката на производи за нега на косата, во согласност со развивањето на техн [...]

21 03, 2012

Етапно Активирање на 14 Кино Сали

By | 2012-03-21T04:59:38+00:00 21/03/2012|Култура|

Кино салите во 14 центри за култура низ земјава кои се затворени 10 години ќе бидат оспособени и активирани етапно. Ќе се враќаат во живот 14 кина низ Македонија. Ќе се оспособува постоечката опрема која ќе им овозможи повторно активираат на културните центри. Проектот чини 11 милиони денари, а ќе се реализира во три фази. Од проктите за анализа дека во центрите за култура во поголемите градови постојат кино Сали со опрема на прикажување на филмови но истата е расипана или дотаена или во најголе [...]

20 03, 2012

Лажни награди од Кока Кола

By | 2012-03-20T04:04:37+00:00 20/03/2012|Македонија|

Скопска пивара, која што е производител на познатиот светски бренд кока-кола, ги предупредува граѓаните дека одредени лица ги залажуваат граѓаните со наградна игра која воопшто не се спроведува во компанијата. -Нашата компанија е известена за неколку видови на СМС-пораки, електронска пошта и писма кои им се праќаат на граѓаните, а во кои невистинито се тврди дека примателот освоил награда во наградна игра од компанијата - велат од Пивара. Писмата се пишувани како да изгледаат формално и како да [...]

20 03, 2012

Автосалоните Останаа без Муштерии

By | 2012-03-20T03:47:53+00:00 20/03/2012|Автомобили|

Во првите два месеца од годинава во државата се продавани по 250 до 300 нови возила, што е најмалку досега. Тргнувајќи од овие бројки, увозниците на автомобили прогнозираат дека оваа година ќе биде најтешка за нив и велат дека овој бизнис е во тешка рецесија. Пад на продажбата на автомобили регистрира и Западна Европа. Како што јавува специјализираниот интернетпортал „Инаутсњуз" должничката криза е причина продажбата на автомобили во февруари да се намали за 11,4 проценти, на 851.000 возила. Од [...]

20 03, 2012

Изградба на Нови 20-тина Хидроцентрали

By | 2012-03-20T03:29:40+00:00 20/03/2012|Економија|

Откако со првиот договор немаше многу успех, денеска во министерството за економија се потпишаа 20-тина нови договори за изградба на мали хидроцентрали во Македонија. Инвестицијата се проценува на 40 милиони евра. Бавно оди реализацијата на проектот за изградба на 400 мали хидроцентрали. Од вкупно 47 локации, кои Министерството за економија ги додели во периодот од 2009 до 2011 година, до сега во употреба се пуштени само пет мали хидроелектрани. Министерот за економија, Ваљон Сарачини признава д [...]

20 03, 2012

Чајот не се Пие на Празен Стомак

By | 2012-03-20T03:06:42+00:00 20/03/2012|Здравство|

Чајот е еден од највкусните и најздравите пијалаци на светот. Изобилува со бројни корисни состојки, превенира и лекува голем број заболувања. Постојат најразлични видови  чаеви ширум светот, но многумина од нас не знаат како да го приготват и користат овој магичен пијалак. Нутриционистите ви претставуваат неколку основни правила за пиење на чај: - Не треба да го пиете чајот на празен стомак, бидејќи може да ја излади слезинката и стомакот. Во Кина се препорачува „не пијте чај ако срцето ви е пра [...]