Од Скопје кон Европа за 45 Eвра
Српската авиокомпанија „Кон тики скај" најави дека од мај ќе лета од Скопје до 14 европски града по почетна цена од 45 евра во еден правец. Но засега не е сигурно дали овие летови ќе се реализираат бидејќи авиокомпанијата се уште нема добиено дозвола од македонската Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ). Авиокомпанијата, која е дел од туроператорот „Кон тики травел", објави дека од 1 мај ќе почне да лета два пати неделно кон градот Антверпен во Белгија. Од 18 јуни, пак, планира воведување по [...]