БМВ Повлекува 1,3 Милиони Возила од Серијата 5 и 6
Германскиот производител на луксузни автомобили БМВ повлекува околу 1,3 милиони возила ширум светот заради можни проблеми со акумулаторот, кои во екстремни случаи би можеле да доведат до пожар, пренесува Би-Би-Си. Автомобилите вклучени во повикот се од серијата 5 и 6, произведени меѓу 2003 и 2010 година. Компанијата соопшти дека примила девет извештаи за дефекти, но не е познато дека тие дефекти резултирале со повреди. Сопствениците треба да ги однесат возилата до овластените сервиси. Компанијат [...]