Земјоделство

/Земјоделство
23 06, 2012

Потпишана Соработка за Фитосанитарна Соработка

By | 2012-06-23T10:19:02+00:00 23/06/2012|Економија, Земјоделство|

Полесен транзит, увоз и извоз на земјоделски производи меѓу Македонија и Црна Гора. Денеска министерот за земјоделство Димовски со неговиот црногорски колега Милошевиќ потпишаа спогодба за фитосанитарна соработка. Помалку време за чекање на граничните премини ќе потрошат земјоделците за увоз, транзит и извоз меѓу Македонија и Црна Гора, со што ќе се унапреди агро бизнисот на двете земји. Ова го потврдија министрите за земјоделство на Македонија и Црна Гора, по потпишувањто на договорот за сорабо [...]

22 06, 2012

Тиквеш со Пет Нови Медали за Своите Вина

By | 2012-06-22T08:31:54+00:00 22/06/2012|Земјоделство|

Пет вина на винарската визба „Тиквеш" се закитија со медали на првиот интернационален балкански натпревар на вина што од 14 до 17 јуни се одржа во Софија, Бугарија. На овој натпревар со највисоко одликување, златен медал, се закити црвеното вино „барово" од бербата 2010. Дополнително со сребрен медал беше наградено белото вино „бела вода" од бербата 2011, а уште три вина  „alexandrija cuvee" (бело), „ alexandrija cuvee " (розе) и „барово" (бело), сите од бербата 2011, се закитија со бронзен меда [...]

18 06, 2012

Земјоделците Бараат 15 Денари за Килограм Пченица

By | 2012-06-18T07:02:41+00:00 18/06/2012|Земјоделство|

Мелничарите и земјоделците треба да се договорат за правична цена за откуп на житото. Деновиве Сојузот на земјоделците на Македонија СЗМ ќе се сретне со претставници на мелничарската индустрија, со цел да ги изменаџира евентуалните проблеми во пресрет на претстојната жетва во државата. Заменик - министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, на вчерашната средба со претседателот на Сојузот на земјоделците на Македонија Вељо Тантаров истакна дека ќе бидат преземени мерки [...]

14 06, 2012

Пролонгиран Рокот за Поднесување на Барања за Субвенции во Земјоделството

By | 2012-06-14T04:47:02+00:00 14/06/2012|Земјоделство|

Рокот за поднесување на барања за субвенции во земјоделството наместо до 20 јуни 2012 година е пролонгиран до 31 јули наредниот месец. Земјоделците побараа продолжување на рокот поради воведување на нов систем на администрирање на директните плаќања во Македонија. Оваа година само за директни исплати на земјоделците владата издвои речиси 7 милиарди денари. Земјоделците ќе можат да поднесуваат барање за субвенционирање на житните култури, постојните и новите лозови и овошни насади и за градинарск [...]

2 06, 2012

Сковин се Пие до Австралија

By | 2012-06-02T10:27:58+00:00 02/06/2012|Земјоделство|

Винарската визба „Сковин" е основана во 1979 година, продолжувајќи ја вековната традиција на производство на вино од скопското виногорје, традиција која датира уште од древниот Рим. Таа за жителите на Скопје долго време важеше за место каде што може да се најде автентично домашно вино. По станувањето на дел од групата„Фершпед АД, кое беше проследено со значајни инвестиции, „Сковин" стана една од најдобро опремените винарски визби во регионот, која произведува големи количества висококвалитетни в [...]

29 05, 2012

Објавен Оглас за Давање Под Закуп Земјоделско Земјиште

By | 2012-05-29T04:47:08+00:00 29/05/2012|Земјоделство|

Министерството за земјоделство денеска објави оглас за давање под закуп на 8.703 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 хектари. Огласеното земјиште е во 18 региони во државава-во Куманово, Валандово, Радовиш, Берово, К.Паланк,а Крушево, Прилеп, Делчево, Пробиштип, Битола, Ресен, Кичево, Гевгелија, Св.Николе, Велес, Кавадарци. К.Вофа и општина М.Брод. Почетната цена за хектар изнесува 25 евра во денарска противвреднсот за земјоделско земјиште од прва до 4-та катастарска класа [...]

23 05, 2012

Во Томатоленд ќе Растат Домати од Камена Волна

By | 2012-05-23T07:39:42+00:00 23/05/2012|Економија, Земјоделство|

Во Свети Николе се наоѓа најсовремениот стакленик на Балканот. Стакленикот Томатоленд е од најсовремен холандски тип и е комплетно домашна инвестиција од 1,8 милиони евра на фирмата „МДМ" доо Свети Николе. Истиот има површина од 20.000 квадратни метри и е со висина од 5 метри, со опрема од последната генерација за наводнување и прихрана „капка по капка", греење, термоенергетска завеса, вентилација, контрола на С02 и сето тоа контролирано компјутерски со најсовремен ПРИВА компјутер и соодветен со [...]

22 05, 2012

„Шардоне Барик” – Ново Вино од „Стоби”

By | 2012-05-22T05:21:42+00:00 22/05/2012|Земјоделство|

Од најсовремениот барик-оддел на винарницата „Стоби" излезе новото вино „шардоне барик". Во „Стоби" велат дека новите видови вино од оваа винарница се дел од развојната стратегија на компанијата да се понуди висококвалитетно вино по пристапни цени за македонските потрошувачи и за љубителите на убавото вино. - Со новото вино „шардоне барик" ја проширивме линијата на премиум-вина во која, покрај ова бело вино, влегуваат и црвените „вранец веритас" и „аминта". Ние како винарница за краток временски [...]

16 05, 2012

Потрошувачите Сакаат Органска Храна

By | 2012-05-16T08:00:21+00:00 16/05/2012|Економија, Земјоделство|

За повеќе земјоделци се одтучуваат за органско производство на храна. Бројот на купувачите кои сакаат органски зеленчук, овошје, мед и слично се зголемува, а Маквдонија се промовира како лидер за органско производство во регионот. „Во 2007 година органска храна произведуваа 120 фармери на 1.266 хектари, а денес бројките се 5.266 хектари и над 1.300 земјоделци, посочи заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски на конференцијата за органско производство на институциоиалната мрежа на минис [...]

15 05, 2012

Потпишан Аранжман За Соработка Во Земјоделскиот Сектор Помеѓу Македонија и Израел

By | 2012-05-15T13:06:28+00:00 15/05/2012|Економија, Земјоделство|

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и неговата израелска колешка Орит Нокид синоќа во Израел потпишаа Аранжман за соработка меѓу двете земји во областа на земјоделството. - Со документот се формализира соработката помеѓу двете земји, која во последните години се интензивира и тоа со реализација на проекти и програми за техничка поддршка, пренос на современа израелска технологија, знаење, искуства, како и преку специјализирани обуки и други форми на поддршка од и [...]