Ќе Сонуваме Евтини Домати и Пиперки
Цените на основните земјоделски производи, од групата што ја анализираме, од минатото лето досега се зголемени во просек за 30 проценти. Зелениот пазар е се поскап, а нашиот најомилен и досега најзастапен зеленчук, доматот, годинава воопшто не можеше да се најде на пазарите за помалку од 40 денари за еден килограм. Толку фалените субвенции во земјоделството на пазарот не излегуваат. Напротив, работата оди обратнопропорционално. Не мораме да бидеме експерти по економија или да ја следиме трагата [...]