Маркети

/Маркети
15 05, 2012

Камфуд

By | 2012-05-15T11:36:57+00:00 15/05/2012|Економија, Маркети|

225 илјади евра ќе плати компанијата Камфуд за градежна парцела покрај Јужниот булевар во центарот на Скопје, која беше продадена на јавно надавање. Земјиштето е со површина од 2.085 метри квадратни. Максималната површина за градење изнесува 435 метри квадратни, а инвеститорот има право да гради објекти во висина од пет метри. Веднаш до оваа локација, на поголема површина, Камфуд веќе гради објект - пазар со административно-деловми содржини. [custom_frame_center][/custom_frame_center]   Изв [...]

11 04, 2012

Нов Обид за Продажба на Меркатор

By | 2012-04-11T14:24:49+00:00 11/04/2012|Економија, Маркети|

Најголемите сопственици на словенечкиот трговски ланец Меркатор, ќе се сретнат после велигденските празници, за да ја договорат новата, деветта продажба на компанијата. Според словенечкиот весник Финанце, овој пат ќе се продава заедничкиот удел на сопствениците на чело со Нова Љубљанска Банка (НЛБ) и Пивоварна Лашко, кој изнесува 52,1%, колку што на инвеститорите им се нудеше на крајот од минатата година. На конзорциумот продавачи треба да им се приклучат и Уникредит банка и инвестицискиот фонд [...]

11 04, 2012

„Кам” го Отвори 50-тиот Маркет

By | 2012-04-11T02:07:11+00:00 11/04/2012|Маркети|

Компанијата „Кам" вчера го отвори јубилејниот 50. маркет во Струмица на површина од 600 квадратни метри. Утврдениот асортиман на 700 производи од познати светски марки, но и сопствени марки од проверени европски и домашни производители, му овозможува на „Кам" постојано да одржува ниски цени и да го контролира квалитетот. Според резултатите од последните репрезентативни истражувања на јавното мислење, „Кам" е на прво место според бројот на семејствата што најмногу пазарат таму. Така одговориле ду [...]

30 03, 2012

Отворен Хипермаркетот „Мр. Бриколаж”

By | 2012-03-30T02:28:34+00:00 30/03/2012|Маркети|

Хипермаркет на францускиот бренд „Мр. Бриколаж" е отворен во новиот трговскоделовен центар на Скопски пазар лоциран кај стариот Кванташки пазар на улицата ,,Перо Наков" во Скопје. Продажниот салон е на површина од 3.000 квадратни метри. Нуди широк асортиман, популарно наречени „направи сам" производи за домаќинство, градежништво и хортикултура. Поставени се над 30.000 артикли, електрика и осветлување, алати и железарија, градежништво, декорација, бои и лакови, се за бањата, керамички плочки, дрв [...]

28 03, 2012

Метла за Дивите Препродавачи на Зелено Пазарче

By | 2012-03-28T02:04:14+00:00 28/03/2012|Маркети|

Општина Центар ќе ги брка дивите препродавачи и непрописно паркираните возила околу Зелен пазар. Акцијата е на иницијатива на граѓаните што живеат во близина на пазарчето, а одлуката е донесена на завчерашната средба на општината со жителите од овој реон. Дивите препродавачи со своите импровизирани тезги од картон и паркираните автомобили го окупираат целиот слободен простор околу пазарот и го отежнуваат движењето на граѓаните во овој реон. Оваа слика е секојдневие покрај Зелен пазар, а бројот н [...]

27 03, 2012

Бензините Повторно Поскапуваат

By | 2012-03-27T10:27:41+00:00 27/03/2012|Економија, Маркети|

Бензините повторно поскапуваат, од полноќ за 1,5 денари, дизелот за половина денар по литар. Граѓаните бараат владата итно да преземе мерки за да го запре растот на цените на горивата. Цените на горивата од вечерва на полноќ повторно се зголемуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Бензините поскапуваат за еден и пол денар, а дизелот за половина денар по литар. Еуросупер 98 ќе чини 89 денари, а бензинот од 95 октани ќе се продава за 87 и пол денари за литар. Цената на дизелот ќе изн [...]

23 03, 2012

Запознајте го Mr. Bricolage

By | 2012-03-23T04:38:33+00:00 23/03/2012|Маркети|

На 29ти март во Скопје ќе биде официјално отворен новиот маркет Mr. Bricolage на улица Перо Наков 106 во објектот на Скопски Пазар (во близина на универзитетот ФОН). Како што не информираа од Брико Македонија, маркетот ќе нуди ама баш се за уредување на домот и градината, со пријателска услуга и пристапни цени. Mr. Bricolage е француски ланец на „направи сам" хипермаркети кој со својата традиција, професионалност и директен пријателски пристап комплетно го промени „направи сам" секторот во Франц [...]

21 03, 2012

Познати Светски Марки во Скопје Сити Мол

By | 2012-03-21T05:40:18+00:00 21/03/2012|Маркети|

Модната марка „Зара" доаѓа во Македонија. Во трговскиот центар „Скопје сити мол" ќе се отвори најголемото претставништво на „Зара" на Балканот. Продавницата ќе биде на два ката, на површина од 2.190 квадратни метри, најавија од „Балфин МК", инвеститорот на трговскиот центар. „Зара" ќе биде само една од реномираните модни марки што ги носи „Индитекс", која е интернационална фирма и е меѓу трите најголеми закупци на новиот трговски центар. Оваа фирма со себе ги носи и „Бершка", „Масимо Дути", „Пул [...]

13 03, 2012

Нов Хипермаркет во Скопје, Најмалку 40 Нови Вработувања

By | 2012-03-13T07:15:52+00:00 13/03/2012|Маркети|

Нов хипермаркет се отвара во Скопје. Инвестицијата е вредна 4,5 милиони евра, а ќе отвори најмалку 40 нови вработувања. На површина од над 3.000 метри квадратни, за две недели ќе стартува првиот хипермаркет во Скопје Брико Македонија, инвестиција тешка близу 4,5 милиони евра. Оваа јавно приватна инвестиција во соработка со градот Скопје привршува, со што ќе се уреди и пешачка патка долж булеварот, за што ќе бидат издвоени дополнителни 15.000 евра, вели првиот човек на Брико Македонија. Групациат [...]

8 03, 2012

Нови Бронхоскопи за Болницата во Козле

By | 2012-03-08T06:16:05+00:00 08/03/2012|Здравство, Култура, Маркети, Образование|

Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле вчера од компанијата „Тинекс" доби донација од два бронхоскопи и една кардиолошка сонда,најсовремени медицински апарати со кои во иднина ќе се лекуваат децата. Според Оливер Зафировски, директорот на Институтот овие современи апарати ќе им помогнат на нивните врвни специјалисти да го применат своето знаење на најдобар можен начин. Апаратите се користат при вадењето на туѓи тела кои се инхалирани во телото кај малите деца. На годишно ниво во Ин [...]