PressClipping

/PressClipping

About PressClipping

This author has not yet filled in any details.
So far PressClipping has created 756 blog entries.
20 06, 2012

“Виз Ер“ ќе отвори 300 нови работни места и ќе инвестира 80 милиони евра

By | 2012-06-20T14:12:24+00:00 20/06/2012|Авиосообраќај, Економија, Македонија|

Унгарската авиокомпанија “Виз Ер“ со субвенции од Владата денеска најави оперирање на шест нови дестинации од Македонија по цени кои во еден правец со вклучени аеродромски такси ќе се движат од 8,99 евра до 17,99 евра. По потпишувањето на Договорот за субвенционирање со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, извршниот потпретседател на “Виз Ер“ Џон Стивенсон информира дека инвестицијата за старт со оперирање на новите дестинации ќе ги чини 80 милиони долари што ќе биде проследено со от [...]

20 06, 2012

За 4 Месеци Продадени Едвај 1.354 Нови Автомобили

By | 2012-06-20T07:52:38+00:00 20/06/2012|Автомобили|

Намалувањето на бројот на нови возила кои граѓаните можат да си ги овозможат, покажува дека кризата во земјава сериозно го притиска стандардот на македонскиот граѓанин. Колку нови автомобили се купуваат во една земја е мерило за стандардот на граѓаните. Па така, колку реално оваа бројка се намалува, тоа покажува дека опаѓа и куповната моќ на граѓаните. Економската криза си го зема данокот, се помалку се посетуваат автосалоните. На официјалниот сајт на Царинската управа на РМ, заклучно со 30 апри [...]

20 06, 2012

Лекарите ќе Бидат Казнети и Наградувани од 1 Јули

By | 2012-06-20T06:14:10+00:00 20/06/2012|Здравство|

Плаќањето според успешност стартува од 1 јули, со што работата на лекарите ќе се оценува според тоа кој, што и како сработил во текот на месецот. За овој проект постојат многу негативни реакции кај лекарите, кои сметаат дека нивната работа нема да биде реално платена. Според министерот за здравство Никола Тодоров на овој начин лекарите ќе ја добијат заслужената плата. - Првиот постулат е дека имаме загарантирана плата од 100 проценти на почетокот на месецот, вториот постулат е дека на крајот на [...]

20 06, 2012

Што се се Продава на Интернет?

By | 2012-06-20T05:53:48+00:00 20/06/2012|Информатичка технологија|

Користена облека, накит, чевли и костими за капење се продаваат преку интернет. Кризата им отвори врата на голем број мали бизниси кои во послениот период земаат се поголем замав. Закон за електронска трговија кај нас постои но никој не врши контрола за бизнисите преку интернет кои не ги подмируваат давачките кон државата. Облека, накит, чевли и алатки за разубавување. Трговијата на користени работи преку интернет се поатрактивна и за Македонците. За време на криза цвета он-лајн продажбата на ко [...]

19 06, 2012

Жито Лукс Со Нов Изглед На Лебовите

By | 2012-06-19T13:26:51+00:00 19/06/2012|Економија, Македонија, Маркети|

Најголемиот производител на леб во земјава, Жито Лукс го подобрува и унапредува изгледот на своите дневни лебови. Веќе од оваа недела дел од лебовите се достапни во новите редизајнирани пакувања. Редизајнот на традиционалните и специјалните лебови, беше потребен со цел уште подобра видливост на полица и со тоа лесна достапност на информаците до потрошувачите како типот на лебот, карактеристиките на секој леб и слично. „Како водечки производител на леб во земјата, Жито Лукс секогаш се труди своит [...]

19 06, 2012

Потпишана Спогодба за Меѓусебно Признавање на Дипломите

By | 2012-06-19T13:13:30+00:00 19/06/2012|Економија, Македонија|

Скопје, 19 јуни 2012 (МИА) - Спогодба за  признавање документи за образование и научни звања меѓу Македонија и Руската Федерација потпишаа денеска македонскиот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески и руската заменик-министер за образование и наука Ина Биленкина. Со Спогодбата, меѓу другото, се усогласуваат нормите за признавање на образовните дипломи стекнати во училиштата и на универзитетите во двете земји и се воспоставува основа за продлабочување на меѓусебната соработка. Потпишу [...]

18 06, 2012

Од Вечерва Горивата Поевтинуват

By | 2012-06-18T15:28:42+00:00 18/06/2012|Нафтени деривати|

Бензините од полноќ поевтинуваат за 3,5 денари, а дизел горивата за 3 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 80 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) ќе се продава за 67,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 56 денари за литар. За 2,47 денари поевтинува и мазутот, и ќе чини 42,378 денари за килограм. Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, рафинериските цен [...]

18 06, 2012

Во Охрид Годишната Конференција на Бизнис Регистри

By | 2012-06-18T12:14:42+00:00 18/06/2012|Економија|

Интероперабилност и соработка меѓу бизнис регистрите во Европа - транспарентни и ефикасни бизниси е тема на 15. годишна конференција на Форумот на европските комерцијални регистри што денеска и утре се одржува во Охрид. Интероперабилноста како концепт, според директорот на Централниот регистар на Република Македонија Ванчо Костадиновски, е основната движечка сила во светот на бизнис регистрите. - Ние како бизнис регистри не функционираме како отсечени острови, туку во соработка со останатите инс [...]

18 06, 2012

Земјоделците Бараат 15 Денари за Килограм Пченица

By | 2012-06-18T07:02:41+00:00 18/06/2012|Земјоделство|

Мелничарите и земјоделците треба да се договорат за правична цена за откуп на житото. Деновиве Сојузот на земјоделците на Македонија СЗМ ќе се сретне со претставници на мелничарската индустрија, со цел да ги изменаџира евентуалните проблеми во пресрет на претстојната жетва во државата. Заменик - министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, на вчерашната средба со претседателот на Сојузот на земјоделците на Македонија Вељо Тантаров истакна дека ќе бидат преземени мерки [...]

18 06, 2012

„Витаминка” се Ориентира кон Здрава Храна

By | 2012-06-18T06:40:07+00:00 18/06/2012|Македонија|

Една од концепсиските развојни ориентации на прилепската прехранбена индустрија „Витаминка" е таканаречената здрава храна. Стручњаците и испитувањата на пазарите, особено на странските, покажуваат дека тоа е перспектива. На постојната технологија веќе се произведуваат неколку видови кекси со амблемот „здрава храна". Замесени се од суровини без штетни адитиви од генетски немодифицирани култури, со специјални декларации. Тие се со овесни снегулки, диетални влакна и со интегрално пченично брашно. П [...]