PressClipping

/PressClipping

About PressClipping

This author has not yet filled in any details.
So far PressClipping has created 756 blog entries.
29 05, 2012

Наскоро – Оф Фест

By | 2012-05-29T13:21:01+00:00 29/05/2012|Музика|

Од 1 ви до 5 јуни домашната публика ќе ужива со миксот на оригиналност сервиран од единаесеттиот по ред Оф фест, во организација на Скопскиот џез фестивал. Ќе видиме изведби на светски ѕверки, сплотени во колаж – уникатно, како што знае да ги спакува култниот фестивал. Идејата е да се донесат звучни, но не извикани имиња, за да дојдат вистинските уживачи во оригиналниот ритам и звук. Костадин Шурбановски Шурбе зборува што едвај чека да чуе, од позиција на посетител, а не организатор. Оф фест 201 [...]

29 05, 2012

Банките и Лихварите ќе Останат без Работа

By | 2012-05-29T05:02:22+00:00 29/05/2012|Банки|

Народот како да се откажува од барањето пари на заем. Освен намалениот интерес за задолжување кај банките, во последно време и лихварите останаа без работа. Ако до скоро ви требаше автомобил „пасат" за да добиете заем од 5.000 евра и да плаќате месечно камата од 7 до 10 отсто кај лихварите, сега може да завршите работа со поскромен автомобил, и тоа за камата од 3 до 5 отсто. Експертите ова го објаснуваат со фактот дека граѓаните се презадолжени и немаат пари за да враќаат заеми, па затоа сега тр [...]

29 05, 2012

Објавен Оглас за Давање Под Закуп Земјоделско Земјиште

By | 2012-05-29T04:47:08+00:00 29/05/2012|Земјоделство|

Министерството за земјоделство денеска објави оглас за давање под закуп на 8.703 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 хектари. Огласеното земјиште е во 18 региони во државава-во Куманово, Валандово, Радовиш, Берово, К.Паланк,а Крушево, Прилеп, Делчево, Пробиштип, Битола, Ресен, Кичево, Гевгелија, Св.Николе, Велес, Кавадарци. К.Вофа и општина М.Брод. Почетната цена за хектар изнесува 25 евра во денарска противвреднсот за земјоделско земјиште од прва до 4-та катастарска класа [...]

29 05, 2012

Млекарниците ја Рушат Откупната Цена со Увоз

By | 2012-05-29T04:24:20+00:00 29/05/2012|Млеко|

Откупната цена на млекото во последните неколку години и покрај ограничената понуда е стабилно ниска. Зголемениот увоз на млеко и млечни производи и неприменувањето на правилниците за квалитет го уништува домашното производство на млеко. Ниска откупна цена, намален сточен фонд, зголемување на увозот на млеко, намалување на откупот на домашно млеко. Ваква е состојбата со производството на сурово млеко во државата. Кризата во млечната индустрија, која порано се рефлектираше со фрлање на вишоците, [...]

28 05, 2012

ЕУ дава 34,5 милиони евра за еко-иновации во Македонија

By | 2012-05-28T15:05:24+00:00 28/05/2012|Економија|

Европската комисија преку ЦИП програмата ќе ги кофинансира компаните кои преку еко-иновации ќе го подобрат своето работење. Европската комисија нуди нови 34,5 милиони евра за еко-иновации преку ЦИП програмата, со кои компаниите во Македонија треба да ја подобрат конкурентноста и иновативноста и да ги решат еколошките проблеми во работењето. Преку јавен оглас, објавен на 8 мај, а кој треба да заврши на 6 септември, се бара македонските компании да аплицираат за дел од европските пари, но само ако [...]

28 05, 2012

Вечерва Концерт На Заз

By | 2012-05-28T12:45:58+00:00 28/05/2012|Македонија, Музика|

Македонските обожаватели на Заз конечно ќе ја остварат долгоочекуваната концертна средба со најпопуларната нова пејачка во светот. Заз, интерконтиненталниот музички феномен од парискиот Монмартр, првпат доаѓа во Скопје на концертот што ќе се одржи вечерва во „Универзална сала". Младата пејачка со уникатна харизма и со вонсериски пејачки способности за мошне кратко време стана популарна. Очекувано беше брзото темпо на продажбата на билетите за нејзиниот концерт кај нас, кој рече десетина дена е ц [...]

28 05, 2012

Ќе Се Отворат Фри-шопови?

By | 2012-05-28T11:30:22+00:00 28/05/2012|Економија, Маркети|

Неофицијални владини извори велат дека се работи на проектот на отворање гранични продавници кои ќе бидат класични продажбени објекти, па дури се вели дека за него бил задолжен еден од потпретседателите на Владата Владата планира повторно да ги отвори „фри-шоповите" на граничните премини, дознава “Дневник". Неофицијалните информации говорат дека на проектот на големо се работи и дека за него бил задолжен еден од владините потпретседатели, но ниедна државна институција не открива прецизни детали [...]

28 05, 2012

Лесно се Станува Директор, но Тешко се Тера Бизнис

By | 2012-05-28T04:46:32+00:00 28/05/2012|Економија|

Во Македонија лесно се отвора фирма, потребен е само еден ден. Не треба ни голем основачки капитал, минимум 5.000 евра. Иако и оваа сума во споредба со земјите од регионот е голема. Повеќе пари за нова фирма треба само во земјите од Европската унија. Директор се станува за час, но проблемите настануваат кога треба да се тера бизнисот. Процедурата велат во Централниот регистар е едноставна и со нивната техничка помош за подготовка на документите, се избегнува висењето на шалтери. Решението за рег [...]

28 05, 2012

Вработување Само за Докторите со Најголемо Знаење!

By | 2012-05-28T04:32:26+00:00 28/05/2012|Здравство|

Министерството за здравство на својата веб-страница постави примерок на тест по чиј урнек ќе бидат изготвувани тестовите што ќе ги полагаат докторите при стручниот дел од испитот за вработување во јавните здравствени установи. Како што соопшти ресорното Министерство, ова се однесува на кандидатите кои аплицираат на новите работни места, а за кои изминатиот период беа распишани огласи. Владата преку Министерството за здравство се одлучи на два пати да обезбеди 200 согласности за вработување, одно [...]

28 05, 2012

ЕВН Македонија Почна Нова Кампања

By | 2012-05-28T04:16:30+00:00 28/05/2012|Македонија|

Што ЕВН нуди на оние кои должат пари за струја да ги платат тоа без камата а најавува уште поостри мерки во соработка со полицијата за оние кои струјата ја краделе. ЕВН Македонија почна нова кампања за плаќање на заостанатите долгови за електрична енергија. Од 1 јуни, до 31 август годинава, корисниците ќе имаат можност со поволни услови да ги платат старите сметки, односно да го избришат долгот за струја. Со оваа кампања се опфатени и тужените побарувања по први јануари 2006-та. Корисниците кои [...]