Економија

/Економија
19 04, 2012

Издадени 5 од 15 Плажи на Охридскиот Брег

By | 2012-04-19T01:35:38+00:00 19/04/2012|Економија|

Старите закупци на 5 плажи во Охрид и во следните 5 години ќе работат со нив, откако ја понудија вистинската сума на денешното јавно наддавање. За останатите 10 плажи ќе се распише уште еден јавен повик. Од понудените 15 плажи Транспорт и врски под краткорочен закуп издаде само 5 - две во срцето на стариот Охрид кај рибарската населба Канео и три во близина на Биљанини извори. Со нив и во наредните 5 години ќе стопанисуваат довчерашните закупци. 10.400 евра беше највисоката цена постигната на де [...]

11 04, 2012

Се Oлеснува Патот за Учество на Домашните Компании на Меѓународните Тендери

By | 2012-04-11T14:48:27+00:00 11/04/2012|Економија|

Следната недела, Институтот за акредитација треба да добие зелено светло од Европа, кое ќе значи признавање на сертификатите од страна на сите земји членки на Европа. Со потпишувањето на договорот со Европската организација за акредитација, домашните компании ќе добијат влезница за рамноправна борба на меѓународните тендери. „Тоа ќе значи дека сите компании кои ќе бидат акредитирани од страна на Институтот за акредитација ќе бидат рамноправен партнер со конкурентните компании во Европа и во свет [...]

11 04, 2012

Нов Обид за Продажба на Меркатор

By | 2012-04-11T14:24:49+00:00 11/04/2012|Економија, Маркети|

Најголемите сопственици на словенечкиот трговски ланец Меркатор, ќе се сретнат после велигденските празници, за да ја договорат новата, деветта продажба на компанијата. Според словенечкиот весник Финанце, овој пат ќе се продава заедничкиот удел на сопствениците на чело со Нова Љубљанска Банка (НЛБ) и Пивоварна Лашко, кој изнесува 52,1%, колку што на инвеститорите им се нудеше на крајот од минатата година. На конзорциумот продавачи треба да им се приклучат и Уникредит банка и инвестицискиот фонд [...]

11 04, 2012

Ќе Паѓаат Каматите на Заштедите

By | 2012-04-11T03:32:32+00:00 11/04/2012|Банки, Економија|

Банките ќе ги намалат каматите на штедењето. Откако Народната банка (НБРМ) во петокот кажа дека ќе го намали износот на пари кои ќе ги прибира како благајнички записи, сега банките прават пресметки каде ќе ги вложуваат вишокот ликвидни средства и колку од загубите ќе префрлат на граѓаните и на фирмите кои ги чуваат парите в банка. "Новата монетарна рамка ќе значи и намален потенцијален приход, кој неминовно ќе се одрази во еден сегмент од работењето на банките, вклучувајќи ги и каматните стапки [...]

10 04, 2012

Малку Апликации за Програмата за Конкурентност и Иновации

By | 2012-04-10T05:58:11+00:00 10/04/2012|Економија|

Р.Македонија досега многу малку аплицираше за Програмата за конкурентност и иновации рече министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната промоција на програмата за 2012-та. За оваа година се предвидени се 6 милиони евра и тоа за претприемништво и иновации, за информатичко-комуникациски технологии и за проектот за интелигентна енергија. Министерот за економија Ваљон Сарачини апелира до компаниите да аплицираат за Програмата за конкурентност и иновации. Тоа е интересна програма за нашата дело [...]

9 04, 2012

Отворен 8. Саем за вработување и кариера

By | 2012-04-09T13:45:21+00:00 09/04/2012|Економија, Образование|

На Машинскиот факултет во Скопје денеска официјално е отворен Осмиот Саем за вработување и кариера - Job Fair 2012 во организација на студентската организација БЕСТ. На осмото издание на оваа тридневна саемска манифестација учество најавиле повеќе компании од лани, а презентациите и обуките се комплетно бесплатни за студентите. - Во однос на минатата година новина е што не поддржаа и државните институции како Агенција за електронска комуникација - АЕК и Агенцијата за вработување на Република Мак [...]

9 04, 2012

Ставрески по Инвестиции во Русија

By | 2012-04-09T04:26:46+00:00 09/04/2012|Економија|

Македонските инвестициски можности од денеска до 12-ти овој месец ќе бидат презентирани во Руската Федерација, од владин тим предводен од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Владиниот економски тим, во кој е и министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, и директорот на Дирекцијата на Технолошко индустриските зони Виктор Мизо, презентациите ќе ги почне во Ростов, потоа ќе следува презентација пред бизнисмените во Краснодар и посетата ќе се заокружи со престој и претставувањ [...]

5 04, 2012

Рецепт за Успех на Мукаетов: Треба да се Бориш, а не да се Жалиш

By | 2012-04-05T03:04:35+00:00 05/04/2012|Економија, Здравство, Македонија|

Економистите велат дека компаниите што ке ги преживеат овие кризни времиња, кои почнаа во 2008 и 2009, а по мало опоравување повторно се појави нова нестабилност овој пат на европскиот пазар, ќе излезат посилни. Првиот човек на најмоќната компанија во земјава, „Алкалоид", Живко Мукаетов, признава дека и годинава ќе биде тешка, поради непредвидливоста на случувањата во Европа, но затоа вели„ не треба да се жалиме, туку да се бориме". Ќе биде тешко годинава, но секој од нас мора да најде начин как [...]

4 04, 2012

Турски Суташ Нов Сопственик на Млекарницата Сведмилк

By | 2012-04-04T04:17:06+00:00 04/04/2012|Банки, Економија, Млеко|

Турски Суташ е нов сопственик на млекарницата Сведмилк. Компанијата лидер во турската млечна индустрија ќе плати 4.4 милиони евра а денеска потпиша и договор за купопродажаба со НЛБ Тутунска банка како најголем доверител на долговите на шведската млекарница. Рестартот се очекува за 6 месеци. Суташ ја купува и фармата Еуроленд сопственост на Трифун Костовски. Шведската млекарница конечно стана турска. Суташ за 4, 4 милиони евра ја купи млекарницата Сведмилк. Денеска претставници на компанијата го [...]

3 04, 2012

Трошоците на Живот, Односно Инфлацијата, се се Пониски

By | 2012-04-03T02:29:52+00:00 03/04/2012|Авиосообраќај, Банки, Економија, Земјоделство, Македонија, Млеко, Нафтени деривати|

Трошоците на живот, односно инфлацијата, се се пониски. Во март таа изнесуваше 1,4%, најмногу поскапи патувањето со воз за 50,9%. Бензините и другите нафтени деривати бележат пораст од 5,1%. Инфлацијата во трите месеци оваа година станува се пониска и пониска. Мартовската е речиси двојно помала од февруарската. Од 2,9 се спушти на 1,4%. Во јануари изнесуваше најмногу 3,4%. Ваквите вредности засега се разликуваат од проекциите на Народна Банка според која инфлаторните движења ќе изнесуваат 2%. Вл [...]