Европски пари за Широк сокак
Обновувањето на една фасада во старата битолска чаршија, хортикултурното уредување и осветлувањето на споменичната целина kjе завршат до 2014 година во рамките на партнерскиот проекг на седум земји од Југоисточна Европа за зајакнување на културното наследство преку планирање на животната средина и менаџмент, наречен „Шерплан". За оваа намена се одобрени 124 илјади евра од фондовите на Европската унија. Покрај нашата земја, во мрежата на институции што соработуваат за подобро и поефикасно менаџир [...]