Млеко од „Бимилк” за Домот за Доенчиња и Мали Деца од Битола
Во рамки на Светскиот ден на млекото, први јуни, „Бимилк" донираше свои производи во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Донацијата од млеко ќе ги задоволи потребите на домот најмалку за една недела. Целта на оваа донација е да се одбележи Денот на млекото на тој начин што ќе се искористат млечните производи да се даде помош таму каде што е потребно. Земајќи предвид колкава грижа и внимание домот посветува на правилното развивање и растење на децата што се таму, дојдовме до заклучок дека то [...]