PressClipping

/PressClipping

About PressClipping

This author has not yet filled in any details.
So far PressClipping has created 756 blog entries.
23 05, 2012

Условни Буџети за Шест Нови Клиники

By | 2012-05-23T06:44:51+00:00 23/05/2012|Здравство|

ФЗО ги дефинира таканаречените условни буџети за 6  нови клиники. Парите се наменети за специфични услуги кои ги нудат установите, а пред се за трансплатација. Клиниките имаат рок до крајот на годината да ги исполнат предвидените услуги, а во спротивно парите ќе им бидат одземени. Фондот за здравствено осигурување ја прошири листата на клиники, кои ќе добиваат условни буџети. Обезбедени се средства за специфични здравствени услуги во шест нови установи. Хематологија ќе добие 4.9 милиони денари з [...]

22 05, 2012

НБРМ: Банките Ја Задржаа Стабилноста И Покрај Должничката Криза Во Евро Зоната

By | 2012-05-22T14:34:48+00:00 22/05/2012|Банки, Економија|

И во услови на турбулентно надворешно опкружување и неизвесност во врска со должничката криза во евро-зоната, банките ја задржаа својата стабилност, одржувајќи висока солвентност и ликвидност. Македонскиот банкарски систем нема речиси никаква зависност од изворите на финансирање од странските финансиски пазари, што ја минимизира опасноста за прелевање на тековните кризни случувања во евро-зоната во домашниот банкарски сектор, беа заклучоците од средбата на Комитетот за финансиската стабилност, н [...]

22 05, 2012

Mакедонски Бизнис-Форум Во Будимпешта На 25 јуни

By | 2012-05-22T14:00:09+00:00 22/05/2012|Економија|

Македонски инвестициски форум во организација на Европската комора за Централна и Источна Европа (EuCham CEE) ќе се одржи во Будимпешта на 25 јуни годинава. Настанот е во низата бизнис-форуми што ги организира македонската Влада со цел да ја претстави Македонија како инвестициска и деловна дестинација. Форумот ќе биде отворен од македонскиот амбасадор Дарко Ангелов и од претседателот на EuCham CEE, Мишел Орзан. На присутните ќе им се обратат директорот на Агенцијата за технолошки и индустриски з [...]

22 05, 2012

„Еуролинк“ Издаде Над 330.000 Патнички Осигурувања

By | 2012-05-22T13:38:33+00:00 22/05/2012|Економија, Осигурување|

„Еуролинк Осигурување“ А.Д. Скопје, која е лидер во патничко осигурување на македонскиот пазар од 2005 година, деновиве ја издаде 330.000-та осигурителна полиса. Овој осигурителен производ има долга традиција во компанијата, а вкупната бруто полисирана премија остварена од патничко осигурување, од 2003 година до денес, изнесува околу 5 милиони евра. Полисите за патничко осигурување од „Еуролинк“ се изработени според меѓународни стандарди, вклучуваат широка палета осигурени ризици и се достапни п [...]

22 05, 2012

Данјуб фудс останува сопственик на Имлек

By | 2012-05-22T12:58:11+00:00 22/05/2012|Економија, Млеко|

Компаниите Ројал фрисланд кампина (Royal FrieslandCampina) и Данјуб фудс груп (Danube Foods Group) објавија дека ги прекинаа преговорите за преземање на млекарите Имлек АД Белград и Млекара АД Суботица. Данјуб фудс, актуелниот сопственик на Имлек Битола, на Имлек млекара Суботица, Бамби Банат и Књаз Милош, размислува за можноста за понатамошна консолидација на прехрамбената и млечната индустрија со Имлек како сидро на понатамошната интеграција, соопштија од компанијата. [custom_frame_center][/cu [...]

22 05, 2012

Германската РТЛ Сака Да Ја Купи Македонската Телевизија Канал 5?

By | 2012-05-22T11:52:42+00:00 22/05/2012|Економија, Македонија|

Националната телевизија Канал 5 се подготвува за продажба, а интерес за купување на телевизијата покажала германската телевизија РТЛ, неофицијално дознава весникот „Капитал“. За германската телевизија неодамна се шпекулираше дека сака да влезе на македонскиот пазар преку купување на српската Пинк 15, која неодамна ја изгуби дозволата за работа. Телевизијата Канал 5 минатата година имаше раст на профитот од неверојатни 372,5 отсто, информираат од „Капитал“. Податоците од Централниот регистар пока [...]

22 05, 2012

„Шардоне Барик” – Ново Вино од „Стоби”

By | 2012-05-22T05:21:42+00:00 22/05/2012|Земјоделство|

Од најсовремениот барик-оддел на винарницата „Стоби" излезе новото вино „шардоне барик". Во „Стоби" велат дека новите видови вино од оваа винарница се дел од развојната стратегија на компанијата да се понуди висококвалитетно вино по пристапни цени за македонските потрошувачи и за љубителите на убавото вино. - Со новото вино „шардоне барик" ја проширивме линијата на премиум-вина во која, покрај ова бело вино, влегуваат и црвените „вранец веритас" и „аминта". Ние како винарница за краток временски [...]

22 05, 2012

Баскерфест Незаборавна Забава под Отворено Небо

By | 2012-05-22T04:40:16+00:00 22/05/2012|Култура|

Интернационалниот, мултикултурен, уличен настан „Баскерфест", годинава ќе се одржи од први до десети јуни. Организаторот „Уан веј" и оваа година најавува спектакуларни акробатски и музички точки, кои ќе овозможат незаборавна забава под отворено небо. Така, посетителите на „Баскерфест 2012" ќе имаат можност да уживаат во фантастични точки на повеќе од триесетина магионичари, акробати, танчари, жонглери, музичари и уметници од Австралија, Канада, Аргентина, Полска, Италија, Нов Зеланд, САД, Герман [...]

22 05, 2012

Охис Почна со Работа, Но со Пробно Производство

By | 2012-05-22T03:36:20+00:00 22/05/2012|Економија|

Охис почна со работа, но со пробно производство. До крајот на месецот ќе се произведуваат бои и лакови, и детергенти. Вработените во фабриката се уште си ја чекаат јанураската плата. 250 вработени во Охис пробно го рестартираа производството во два погони во фабриката кое официјално треба да започне деновиве. Активни ќе бидат капацитетите за производство на детергенти, бои и лакови, за да се обезбедат пари за јануарската плата. Од синдикатот прифатија да рестартираат дел од производството, откак [...]

22 05, 2012

„Винер“ Сака да го Купи „Кјуби Македонија“?

By | 2012-05-22T03:16:10+00:00 22/05/2012|Осигурување|

Австриската осигурителна компанија „Винер“ дала неформална понуда за откуп на акциите на „КЈУБИ Реосигурување“ Даблин, Р Ирска во „КЈУБИ Македонија“, дознава МКД.МК од извори во осигурителниот бизнис. „Винер“ е веќе присутен на македонскиот осигурителен пазар преку компанијата „Винер oсигурување“. Менаџментот на „Винер oсигурување“ за МКД.МК одби да коментира дали нивната централа од Австрија дава понуда за преземање на „КЈУБИ Македонија“, но не ја демантираше информацијата. Во својата изјава ме [...]