„Фиат“ Стартува со Производство во Србија
Во Крагуевац денеска ќе биде отворена фабриката „Фиат автомобили-Србија“ (ФАС), заеднички проект на српската влада и италијанската компанија „Фиат“. Како што објави „Б92“ ова е најголема инвестиција во Србија во изминатите неколку децении, вредна околу милијарда евра. Договорот за основање на компанијата „Фиат автомобили-Србија“ во која гигантот од Торино има 67, а државата Србија 33 отсто удел, беше потпишан на 29 септември во 2008 година. Се планира до крајот на годинава ФАС да вработи 2.400 л [...]