PressClipping

/PressClipping

About PressClipping

This author has not yet filled in any details.
So far PressClipping has created 756 blog entries.
11 05, 2012

Вип Со Повеќе Од 581.000 Корисници

By | 2012-05-11T08:20:57+00:00 11/05/2012|Телекомуникации|

Мобилниот оператор Вип во првите три месеци од годинава го зголеми бројот на претплатници за 18,5% во однос на истиот период лани. Со повеќе од 581.000 корисници Вип ја зајакна својата позиција како втор мобилен оператор на пазарот, зголемувајќи го пазарниот удел од 21.5% на 26.1 % на крајот на март годинава. Компанијата соопшти дека приходите забележале пораст од 22.5% до 13.6 милиони евра како резултат на поголемиот број корисници и поголемиот сообраќај. Заработката пред оданочување, камати, а [...]

11 05, 2012

„Телеком” Со Пораст Во Интернетот И Во Дигиталната Телевизија

By | 2012-05-11T08:09:03+00:00 11/05/2012|Телекомуникации|

„Македонски телеком" ги зголеми за 7,4 проценти приходите од интернетот и од дигиталната телевизија во првиот квартал од годинава во споредба со првиот квартал лани. Во првиот квартал од 2012 година оперативните приходи на „Македонски телеком" и на групацијата „Т-мобиле" изнесуваат 3,4 милијарди денари. Таквите движења резултирале со нето добивка за првиот квартал од годинава од 761 милион денари. Приходите од продажбата на ниво на групацијата, пред се, како резултат на големата конкуренција на [...]

11 05, 2012

Катарската Делегација Реши Да Го Продолжи Престојот До Недела

By | 2012-05-11T07:54:54+00:00 11/05/2012|Економија|

Катарската делегација која деновиве ја скенираше Македонија како потенцијална бизнис дестинација реши да го продолжи престојот до недела. Корпорации кои располагаат со капиталот повеќе милијарди долари разгледуваа локации за изградба на хотели, производствени погони а се заинтересирани и за изградба на бензински пумпи. Нова посета најавуваат за еден месец. Катарците ја скенираа Македонија како потенцијална бизнис-дестинација. Ќе ги филтрираат импресиите и за неполн месец повторно доаѓаат во земј [...]

10 05, 2012

Катарците Ќе Прават Дубаи Од Македонија

By | 2012-05-10T13:44:45+00:00 10/05/2012|Економија|

Катарски туристички агенции и туроператори гледаат во Македонија интересна туристичка дестинација полна со традиција, култура, добра храна и сигурност за катарските деца, бидејќи тие се заинтересирани да го развиваат семејниот туризам. Тие се воодушевени од гостопримливоста на македонскиот народ и од убавата природа со која располага земјава. -Дубаи, она што порано беше поим за туризам, сега е веќе Катар. Катарците го претпочитаат семејниот туризам и можноста децата да си ја најдат својата забав [...]

10 05, 2012

Се Олеснува Трговијата На Земјоделски Производи Меѓу Македонија и Литванија

By | 2012-05-10T13:22:22+00:00 10/05/2012|Економија, Земјоделство|

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и неговиот литвански колега Казимиерас Старкевичиус потпишаа Протокол за соработка како основа за унапредување и проширување на билатералните односи меѓу двете земји во овој сектор. Согласно националните земјоделски политики и развојни програми на Македонија и Литванија, Протоколот, со времетраење од пет години, ќе придонесе за зголемување на трговската размена на земјоделски и прехранбени производи, особено свеж зеленчук и ов [...]

10 05, 2012

Богов: Верувам Дека Банките Ќе Ги Намалат Каматите

By | 2012-05-10T13:03:34+00:00 10/05/2012|Банки, Економија|

Верувам дека ќе дојде до намалување на каматните стапки на кредитите што ги одобруваат банките, изјави гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, на вчерашната промоција на книгата „Пари и банкарство“ од авторите Томе Неновски и Евица Делова-Јолевска, како и книгата „Шокови, остварувања и перспективи на македонската економија“ од Томе Неновски Богов објасни дека намалувањето на проекцијата за пораст на економијата е поради послабите остварувања за првиот квартал од оваа година, но додаде дека с [...]

10 05, 2012

Македонските Супербрендови Ќе Бидат Прогласени На 16-ти мај

By | 2012-05-10T11:46:01+00:00 10/05/2012|Економија|

Со престижното признание “Супербрендс” оваа година ќе се закитат 43 брендови. На 16-ти мај во хотелот Александар Палас на свечана церемонија ќе бидат доделени признанијата за Супербренд во земјата за 2011/2012 година. Секој од овие 43 брендови, во својата категорија, беше избран по пат на гласање од страна на стручно жири и самите потрошувачи. „Супербрендс е меѓународна организација која ги препознава и промовира успешните и угледни брендови во една земја, кои заслужено го добиваат признанието п [...]

10 05, 2012

Туристички кредит од Еуростандард Банка

By | 2012-05-10T08:54:23+00:00 10/05/2012|Банки, Економија|

Еуростандард банка понудн нов, поволен и лесно достапен кредит наменет за туристички патувања. Износот за кој може да се добие туристичкиот кредит е до 150.000 денари, со рок на отплата до 36 месеци. Овој вид кредит кој банката почнува да го нуди во пресрет на годишните одмори, е достапен за сите клиенти. Конкретно, кредитот може да се користи за плаќање аранжмани преку туристичките агенции кои склучиле договор со банката: „Делфина турс", „ТСЦ травел", „Скаут травел", „Оскар травел", „Војаџер" и [...]

10 05, 2012

Уште еднаш Британците од Џонсон Мети ја избраа Македонија

By | 2012-05-10T08:40:50+00:00 10/05/2012|Економија|

Уште еднаш Британците од Џонсон Мети ја избраа Македонија за да инвестираат во производството на катализатори. Досегашниот извоз вреден 640 милиони евра годишно било пресудно да вложат нови 60 милиони и да вработат уште 100 работници во новите погони на Бунарѕхик. Шест милиони катализатори произведени во Бунарџик, над 640 милиони евра годишен извоз, квалификувани кадри, ова се само дел од аргументите на Британците од Џонсон Мети зошто по две години бизнис во Македонија инвестираат нови 60 милион [...]

9 05, 2012

Британски „Ретел“ стартуваше со работа на македонскиот пазар

By | 2012-05-09T15:00:35+00:00 09/05/2012|Информатичка технологија, Телекомуникации|

Британскиот компанија за телефонски услуги „Ретел“ стартуваше со работа на македонскиот пазар. Ретел својата канцеларија ја отвори во ПСМ инкубаторот (Претприемачки сервис за млади), во која ангажира четири вработени, а до крајот на годината најавува нивниот број да достигне девет. - Гледаме голем потенцијал во Македонија и затоа решивме да влеземе на овој пазар и да отвориме центар за истражување и развој. Се одлучивме канцеларијата на Ретел Македонија да биде во просториите на ПСМ инкубаторот, [...]