Економија

/Економија
6 06, 2012

Зеленчукот Поевтини, Прашокот за Перење Поскап

By | 2012-06-06T02:14:19+00:00 06/06/2012|Економија, Македонија|

Изобилството од зеленчук во маркетите и пазарите ги намали цените на свежите производи. Додека сезонските производи поевтинуваат веќе два месеци едно по друго, со повисоки цени се продаваат средствата за хигиена. Краставиците од 69, колку што чинеа во мај, сега се продаваат за 39 денари, а килограм домати од 115 денари се симна на 66. За разлика од нив, за речиси 60 денари поскапо се продава прашокот за перење „Ариел", кој од 344 се качи на 399 денари. За 5 денари поскапе и килограм брашно, а ко [...]

31 05, 2012

Зголемени Придобивки И Намалени Цени На Т-Мобиле

By | 2012-05-31T15:36:59+00:00 31/05/2012|Економија, Телекомуникации|

Т-Мобиле подготви атрактивна новина во своето портфолио и од утре воведува нови тарифни пост пејд модели. Новите тарифи овозможуваат намалени цени и зголемени придобивки за сите пост пејд приватни и бизнис корисници. Со новата понуда, отсега пост пејд корисниците во рамките на месечната претплата можат да зборуваат слободно и без ограничувања кон 1,5 милиони корисници на Т-Мобиле и Т-Хоме. За месечна претплата веќе од 599 денари, освен неограничените разговори кон Т-Мобиле и Т-Хоме, корисниците [...]

31 05, 2012

Дневниот „Капитал” Само На Интернет

By | 2012-05-31T13:49:19+00:00 31/05/2012|Економија, Македонија|

Дневниот весник„Капитал" уште една недела ќе излегува во печатено издание, а потоа ќе постои само во електронска форма. Сопственикот и главен и одговорен уредник на „Капитал", Љупчо Зиков вели дека весникот не е пред затворање, туку ќе продолжи да функционира во електронска форма. Од 9.000 читатели, дури 90 отсто го читаа весникот на порталот, а останатите во печатена форма. Затоа донесовме деловна одлука да направиме електронски дневен весник, кој ќе ги нуди сите досегашни содржини, на ист број [...]

31 05, 2012

Првпат Во Македонија Конференција За Бизнис Извонредност

By | 2012-05-31T13:38:36+00:00 31/05/2012|Економија, Македонија|

Прва конференција за бизнис извонредност - Business excelence Show  во Македонија ќе се одржи денеска во Скопје, чија цел е подбрување на работењето. Целодневното мултимедијално шоу опфаќа предавања, панел дискусии, видео проекции, јавувања во живо на 30-ина врвни експерти од 15 земји. Во посебна панел сесија според најавите свое обраќање ќе имаат и амбасадори од неколку земји. Целта на конференција е постигнување извонредност во работењето на која ќе се обработуваат теми поврзани со презентациј [...]

30 05, 2012

Извозниот потенцијал на Алкалоид презентиран пред амбасадорите

By | 2012-05-30T14:10:59+00:00 30/05/2012|Економија, Здравство|

На работен појадок со дипломатскиот кор во земјава во организација на Министерството за надворешни работи, фармацевската компанија Алкалоид денеска имаше можност да ги презентира своите извозни потенцијали и да ги запознае дипломатите со нејзините активностите на странските пазари, како и со стратегиите за во иднина. “Мислам дека е прекрасна, синергична варијанта на презентирање на позитивните страни на македонскиот бизнис, но и на ангажманите кои МНР ги прави за да помогне на македонскиот бизни [...]

30 05, 2012

Виена Иншуренс Груп Со Проширени Пазарни Позиции И Промени Во Раководната Структура

By | 2012-05-30T11:24:01+00:00 30/05/2012|Економија, Осигурување|

Објавените резултати за првиот квартал на деловната 2012 година на Виена Иншуренс Груп (ВИГ), најуспешната осигурителна групација во Централна и Источна Европа, покажуваат продолжување на тенденцијата на забележителен раст на полисираната премија, која за првите три месеци годинава изнесува 2,7 милијарди евра, како и зголемување на профитот на 151 милиони евра. Со тоа продолжува освојувањето на пазарот на осигурување во Централна и Источна Европа од страна на Групацијата. Воедно, обврските на фу [...]

30 05, 2012

Македонското Вино ќе се Промовира во САД

By | 2012-05-30T06:17:52+00:00 30/05/2012|Економија|

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот од утре во Вашингтон, Чикаго и Њујорк организира промоции на вина од осум македонски винарии. На промотивните настани, организирани во соработка со амбасадата на Македонија во Вашингтон и конзулатите во Њујорк и Чикаго, со поддршка на проектите на УСАИД - АгБиз и ИДЕАС ќе бидат претставени вината на „Бовин“, „Далвина“, „Дудин“, „Езимит“, „Попова Кула“, „Стоби“, „Тиквеш“ и „Камник“. Промоцијата на македонското вино пред дистрибутери, увозни [...]

29 05, 2012

Просечната Месечна Исплатена Нето Плата Во Март Изнесуваше 21.081 Денари

By | 2012-05-29T15:08:54+00:00 29/05/2012|Економија, Македонија|

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2012 година, во однос на март 2011 година, порасна за 2,4 отсто на номинално ниво, но само 1 отсто на реално ниво. Номиналното зголемување на нето платите се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: информации и комуникации со 55,9 отсто, стручни, научни и технички дејности  со 16,8 отсто и градежништво со 6,9 отсто. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мар [...]

28 05, 2012

ЕУ дава 34,5 милиони евра за еко-иновации во Македонија

By | 2012-05-28T15:05:24+00:00 28/05/2012|Економија|

Европската комисија преку ЦИП програмата ќе ги кофинансира компаните кои преку еко-иновации ќе го подобрат своето работење. Европската комисија нуди нови 34,5 милиони евра за еко-иновации преку ЦИП програмата, со кои компаниите во Македонија треба да ја подобрат конкурентноста и иновативноста и да ги решат еколошките проблеми во работењето. Преку јавен оглас, објавен на 8 мај, а кој треба да заврши на 6 септември, се бара македонските компании да аплицираат за дел од европските пари, но само ако [...]

28 05, 2012

Ќе Се Отворат Фри-шопови?

By | 2012-05-28T11:30:22+00:00 28/05/2012|Економија, Маркети|

Неофицијални владини извори велат дека се работи на проектот на отворање гранични продавници кои ќе бидат класични продажбени објекти, па дури се вели дека за него бил задолжен еден од потпретседателите на Владата Владата планира повторно да ги отвори „фри-шоповите" на граничните премини, дознава “Дневник". Неофицијалните информации говорат дека на проектот на големо се работи и дека за него бил задолжен еден од владините потпретседатели, но ниедна државна институција не открива прецизни детали [...]