Телекомуникации

/Телекомуникации
22 10, 2012

Се Формираше Здружение на Приватните Електронски Медиуми

By | 2012-10-22T08:25:19+00:00 22/10/2012|Телекомуникации|

[custom_frame_right][/custom_frame_right] Здружението на приватните електронски медиуми на Република Македонија (ЗПММ) вчера се формираше во Битола. По изборот на органите и усвојувањето на Статутот и Програмата за работа, ЗПММ соопшти дека приоритетна активност ќе му биде решавањето на проблемот со трошоците кои во последно време им се наметнати на медиумите. - Потребата за формирање вакво здружение е оправдана и навремена пред се заради решавање на наталожените проблеми во оваа област, но и за [...]

15 10, 2012

Бесплатни Разговори, СМС и Интернет без Ограничувања

By | 2012-10-15T05:28:25+00:00 15/10/2012|Телекомуникации|

Вип оператор лансира нов промотивен тарифен модел наменет за деловните корисници. Станува збор за тарифа со вклучени неограничени бесплатни минути за разговор и неограничен број на бесплатни СМС-пораки кон сите мрежи во земјава. Покрај ова, во рамки на новиот тарифен модел наречен Vip Free NoLimit biznis корисниците добиваат и неограничен интернет, од кој првите 10 гигабајти со 3Г брзини, како и дополнителни 200 бесплатни минути за меѓународни разговори со деловни партнери во странство. Сите ови [...]

28 09, 2012

Т-Мобиле мрежата со 4 пати поголем капацитет за разговори и СМС

By | 2012-09-28T15:02:02+00:00 28/09/2012|Телекомуникации|

Од 1 октомври, сите T-Mobile корисници ќе бидат префрлени на нови MSC Blade Cluster сервери, што значи дека капацитетот на мрежата за разговори и СМС ќе се зголеми до 4 пати. Проектот започна во јули годинава и за рекордно време од 2 месеци целата база на T-Mobile корисници од старите беше префрлена на новите сервери. Овој проект е чекор понапред до целосна модернизација на мрежата и е во склоп со модернизацијата на фиксната мрежа, проект со кој до крајот на 2013 година сите фиксни корисници тре [...]

20 09, 2012

Министерот Ивановски на отворањето на новиот Епл салон на Дуна

By | 2012-09-20T15:21:11+00:00 20/09/2012|Економија, Информатичка технологија, Телекомуникации|

Министерот Ивановски на отворањето на новиот Епл салон на Дуна Најавата дека iPhone 5 наскоро ќе биде достапен и во Македонија е најдобрата реклама за новоотворената продавница на Дуна во Градскиот трговски центар во Скопје. Дополнително значење на отворањето на новиот продажен салон за Епл му даде и присуството на министерот за информатичко општество и јавна администрација, Иво Ивановски. Новиот салон е целосно изработен по дизајн-стандардите на Епл. На површина од 85 метри квадратни отсега пос [...]

6 09, 2012

Се Помалку Зборуваме на Мобилен Телефон

By | 2012-09-06T07:39:56+00:00 06/09/2012|Телекомуникации|

Македонските граѓани од почетокот на годинава се помалку зборуваат и испраќаат СМС од мобилните телефони во обид да заштедат некој денар, притиснати од секојдневното зголемување на цените на животните продукти. Поплаките на телекомуникациските компании дека нивните услуги се помалку се користат поради економската криза, се потврдуваат и со официјалните бројки на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за движењата на пазар за првото тримесечје од 2012 година и финансиските извештаи на операт [...]

31 08, 2012

Вип со Постпеид Понуда во Новата 3Г ХСПА+ Мрежа

By | 2012-08-31T05:56:09+00:00 31/08/2012|Телекомуникации|

[custom_frame_right][/custom_frame_right] Вип оператор во четвртокот ја промовираше својата нова 3Г ХСПА+ (3G Evolved High-Speed Packet Access) мрежа и ги демонстрираше најновите технолошки подобрувања на 3Г стандардот. Од компанијата информираат дека на самиот почеток на пуштањето на сопствената 3Г ХСПА+ мрежа Вип  обезбедил 90% покриеност на население во Република Македонија. Брзината на трансфер на податоци во моментот е ограничена на максимум 21 Мбпс, но истата зависи од бројни параметри как [...]

23 08, 2012

Фудбалските Шампиони Ексклузивно на web.maxtv.mk

By | 2012-08-23T05:12:11+00:00 23/08/2012|Телекомуникации|

Европската лига на шампиони е најпрестижното фудбалско клупско натпреварување на „Стариот континент“ во кое секоја година учествуваат најдобрите клубови од Англија, Шпанија, Италија, Германија, Франција. Моменталниот шампион Челзи, Реал Мадрид, Барселона, по мала пауза и Јувентус ќе бидат само мал дел од клубовите кои ќе земат учество во фазата по групи во претстојната сезона. Но, до формирањето на групната фаза од Лигата на шампиони сезона 2012-2013 преостанува да се финализира и последното ква [...]

23 08, 2012

Карлос Слим Преку Вип Оператор Инвеститор во Македонија

By | 2012-08-23T04:52:50+00:00 23/08/2012|Телекомуникации|

Во интервју за новинската агенција Ројтерс финансискиот директор на Телеком Австрија, Ханс Чуден, потврди дека најбогатиот човек во светот, Карлос Слим, сопственик на мексиканскиот телеком Америка мовил, купил 26% од акциите на Телеком Австрија, сопственик на македонскиот оператор Вип. Во интервјуто Чуден најавува дека Телеком Австрија сака да ги зголеми операциите во фиксниот телекомуникациски сегмент во земјите во кои веќе има операции од областа на мобилната телефонија, надевајќи се дека така [...]

22 08, 2012

Facebook овозможи тагирање на пријaтелите во апликации

By | 2012-08-22T13:47:37+00:00 22/08/2012|Информатичка технологија, Телекомуникации|

Facebook од денес им овозможува на корисниците да ги означуваат (тагираат) пријателите во трети апликации како друштвени игри, пишува во официјалнот блог пост. Со оваа промена во Open Graph, сега ќе можете вашите пријатели да ги тагирате во апликациите како Foursquare. Така, сега доколку некој ве спомене во апликација која користи Open Graph, пораката ќе се појави на вашиот профил. Исто така, овозможени се два начини на означување во апликациите од трети страни – Mention и Action. Разликата е во [...]

16 08, 2012

“Близу” Воведува Специјални Пакети за Студенти

By | 2012-08-16T13:49:12+00:00 16/08/2012|Телекомуникации|

Пред почетокот на студентската година, телекомуникацискиот оператор „Близу„ воведе нови пакети, наменети исклучиво за студентската популација во Македонија. Сите студенти, кои уредно имаат заверено семестар на својот универзитет, ќе можат да станат корисници на супер брзиот интернет со брзина до 10 мегабити во секунда и 200 гигабајти трансфер за само 599 денари месечно. Оние студенти, пак, коишто сакаат да ја додадат услугата аналогна телевизија на овој пакет, дополнително треба да доплатат само [...]