Здравство

/Здравство
3 05, 2012

Меѓународен Конгрес За Медицина

By | 2012-05-03T12:13:05+00:00 03/05/2012|Здравство|

Од 9ти до 13ти мај ќе се одржи Третиот меѓународен когрес на студентите за медицински науки. Со него се планира стимулирање И покачување на свеста И интересот на студентите за медицински науки И за важноста за истражувањето И научните проекти. Организаторите од студентскиот парламент од ДУТ соопштија дека свеченото отварање ќе се одржи во Скопје, а потоа ќе продолжи во Струга И Тетово. - Третиот меѓународен конгрес на студентите по медицински науки КИСЦОМС 3 Македонија 2012 има за цел обединувва [...]

20 04, 2012

Здружението Борка со Нова Кампања за Борба Против Рак на Дојка

By | 2012-04-20T08:04:03+00:00 20/04/2012|Здравство|

Здружението Борка – За секој нов ден, во четврток година по четврти пат ќе ја организира Кампањата за борба против рак на дојка. Кампањата е насловена како “Напред розово 2012 - чекори против ракот на дојка“, а е во соработка со Здружението Интегритет Алфа и Омега и Амбасадата на САД во Република Македонија. Настанот ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 1.500 учесници кои пешачејќи три километра ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основ [...]

18 04, 2012

Фирмите со Над 100 Вработени ќе Станат и Амбуланти

By | 2012-04-18T06:54:54+00:00 18/04/2012|Здравство, Македонија|

Фирмите со над 100 вработени имаат уште месец и половина за да го прилагодат своето работење на законот за здравствена заштита кој им налага во рамки на компанијата да отворат мини амбуланта. Во организацијата на работодавачи не слушнале за оваа обврска, но сметаат дека тоа ќе биде дополнителен товар за фирмите. Министерството за здравство почна да ги известува фирмите со 100 и повеќе вработени дека треба да организираат здравствени пунктови и да набават дефибрилатори до 1 јуни. Според новиот за [...]

11 04, 2012

Ќе Заживее ли Трансплантацијата на Органи во Земјава

By | 2012-04-11T01:40:23+00:00 11/04/2012|Здравство|

Се е подготвено за да заживее трансплантацијата на органи во земјава. Пари се обезбедени, стручните тимови се подготвени. Според здравствени власти се е во рацете на новинарите - тие ќе бидат задолжени да ја подигнат свеста кај граѓаните за да заживее трансплантацијата со орган од друг дарител. Пет трансплантации на Детска хирургија на бубрези и црн дроб, 20 трансплантации на бубрези на Урологија, 11 трансплантации на коскена срцевина на Хематологија. Фондот обезбеди дополнителни средства за 70 [...]

10 04, 2012

Гинекологија Работи 24/7

By | 2012-04-10T05:40:33+00:00 10/04/2012|Здравство|

Амбулантите на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство работат во две смени, од 8 до 20 часот, а за да се надминат гужвите во чекалните прегледите можат да се закажат и по телефон, додека итните случаи се примаат веднаш. Ова е само дел од воведувањето на новиот начин на работа на здравствените работници во Клиниката кои се целосно посветени и приспособени кон потребите на модерната жена. Како што објасни директорот на Клиниката, др-Саша Јовчевски, април е месец на женското здравје, [...]

6 04, 2012

Живееме Четири Години Пократко од Европејците

By | 2012-04-06T04:26:41+00:00 06/04/2012|Здравство, Македонија|

Населението во Македонија живее четири години пократко од Европејците. Додека просечниот животен век во земјите на Европска унија е 79,6 години, овде жените живеат во просек 76,3 години, а мажите уште помалку, и тоа 72,3 години. Покрај кардиоваскуларните болести, глувоста и слепилото се повеќе ги напаѓаат старите лица. Освен што пократко живеат, лицата над 65 години се почесто се и жртви на насилство. Секој трет старец во земјава е жртва на насилство. Брачниот партнер е најчестиот насилник и маж [...]

5 04, 2012

Рецепт за Успех на Мукаетов: Треба да се Бориш, а не да се Жалиш

By | 2012-04-05T03:04:35+00:00 05/04/2012|Економија, Здравство, Македонија|

Економистите велат дека компаниите што ке ги преживеат овие кризни времиња, кои почнаа во 2008 и 2009, а по мало опоравување повторно се појави нова нестабилност овој пат на европскиот пазар, ќе излезат посилни. Првиот човек на најмоќната компанија во земјава, „Алкалоид", Живко Мукаетов, признава дека и годинава ќе биде тешка, поради непредвидливоста на случувањата во Европа, но затоа вели„ не треба да се жалиме, туку да се бориме". Ќе биде тешко годинава, но секој од нас мора да најде начин как [...]

2 04, 2012

Промена во Позитивната Листа на Лековите по Јачина

By | 2012-04-02T03:24:31+00:00 02/04/2012|Здравство|

80 лекови ќе можат да се набавуваат во сите дозни форми. За лекови кои се регистрирани кај нас, а пациентот ги купил во странство, Фондот нема да ги рефундира парите. Овие мерки ќе важат од следната недела. 83 генерични лекови од позитивната болничка листа ќе може да се регистрираат во сите дозни форми и да се набавуваат во болниците. Со оваа нова мерка лековите ќе се користат порационално и без загуби. На позитивната листа, од определени компании, регистрирале лекови од една дозична форма, која [...]

29 03, 2012

Бесплатните ПАП Тестови се Покажаа Ефикасни

By | 2012-03-29T02:51:37+00:00 29/03/2012|Здравство|

Проектот за скрининг на рак на грлото на матката во Гостивар даде позитивни резултати. Кај 30 жени откриени се рани стадиуми на карцином и дадена им е можност да се излекуваат без последици. Бесплатните ПАП тестови се покажаа ефикасни во спречување на последиците врз здравјето на жените во гостиварско. Една година откако се спроведува пилот проектот за скрининг на карцином на грло на матката во гостиварскиот регион на преглед кај матичниот гинеколог се јавиле близу 500 жени на возраст од 30 до 5 [...]

26 03, 2012

Тодоров во Борба Против Фармацевтската Мафија

By | 2012-03-26T04:03:18+00:00 26/03/2012|Здравство|

Министерот за здравство Тодоров денес најави остра борба против мафијата во фармацијата и секако злоупотребата на монополската положба. Би сакале ваква остра најава да имаме и за злоупотребата на монополската положба кај енергенските особено кај оние што се бават со трговија и продажба на гас, на нафта и нафтени производи а најособено на Топлификација која дилува заедно со сите тие. Голема афера во јавните набавки на лекови и медицински помагала. Министерот за здравство открил дека неколку здрав [...]